X
 11.09.2017 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време нѐ очекува во наредиот период?

Денес е понеделник, 11 септември 2017 година, 254-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:04, а ќе зајде во 18:54 часот. Денот ќе трае 12 часа и 50 минути.

Првото утро од новата работна седмица ни започнува со сончево и топло време со температури кои што се над повеќегодишниот просек за овој период од годината, доказ дека летото ни продолжува.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 6 до 17 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло време со дневни температури кои што ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат до 24 односно до 35 степени. Во текот на денот ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 3о км/ч. Во доцните попладневни и во вечерните часови од запад под влијание на циклонска активност се очекува продор на влажна воздушна маса која што ќе услови нестабилно време со слаби врнежи од дожд. Врнежите од дожд прво ќе ги зафатат западните предели и ќе се движат кон исток и североисток, со исклучок во крајните југоисточни и источните предели каде што врнежите најверојатно ќе изостанат.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево и многу топло време. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 33 степени. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која што во вечерните часови ќе услови слаби врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник и среда во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време. Утринските температури од 10 до 19, односно од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 30 степени. Во четврток и петок по свежото утро со температури од 7 до 16 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со дневни температури кои што ќе бидат во пораст и ќе се движат од 23 до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот