X
 12.09.2017 Култура

Фановите на „Игра на троновите“ ги открија вистинските мотиви на Ноќниот крал

шетачи

Седмата сезона од „Игра на троновите“ заврши, така што исчекувањето на последните шест епизоди од осмата сезона е на највисоко ниво. Како ќе се одвиваат настаните во Вестерос? Дали ќе победат Џон Сноу и Дени?

Многу прашања остануваат во врска со Ноќниот крал и војската на Белите шетачи. Зошто тие маршираат кон југ? Која е нивната мотивација? Дали станува збор за повеќе од само смрт на човештвото?

Некои фанови веруваат дека можеби го пронашле одговорот на овие прашања. „Предвидувам дека Ноќниот крал оди директно до Божјото око“, вели еден корисник на „Редит“.

Божјото око се однесува на мистериозно езеро во срцето на Риверлендс. Во центарот на езерото е Островот на лицата, локацијата каде што Децата на шумата - оние што ги создале Белите шетачи, направиле договор со Првите луѓе.

„Мислам дека целта на Ноќниот крал е да стигне од Островите на лицата и да ги искористи нивните магични својства за да ја оживее својата војска“, вели фанот.

„Локацијата што Ноќниот крал ја уништи за време на финалето е најблискиот дел од Ѕидот до Божјото око. Харенхол се наоѓа на северниот брег од Божјото око. Со години се даваат знаци за Божјото око и секогаш се прикажувал Риверлендс со доста детали“, продолжува фанот.

Божјото око првпат се спомена во текот на првата сезона, кога Тајвин го назначува Тирион за рака на кралот. Тајвин оди до Харенхол, што се наоѓа до езерото.

Останува да видиме дали Белите шетачи сакаат повторно да оживеат или само сакаат да го замрзнат светот. „Игра на троновите“ се враќа со осмата сезона до крајот на 2018 или почетокот на 2019 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура