X
 13.09.2017 Живот

Временска прогноза: Следува период со натпросечни температури

Денес е среда, 13 септември 2017 година, 256-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:06, а ќе зајде во 18:51 часот. Денот ќе трае 12 часа и 45 минути.

Во Македонија во утринските часови имаме претежно сончево и свежо време. Во југозападните и западните, како и во североисточните предели имаме појава на локална облачност што ќе условува и повисоки утрински температури.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во среда по свежото утро и утрински температури кои што ќе бидат во опаѓање, ќе се движат во интервал од 6 до 17 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време со благ пораст на дневните температури кои што утре ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. Ќе дува доумерен засилен западен и северозападен ветер кој ќе достигнува брзина од 20 до 30 км/ч.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна температура до 29 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 6 до 16 степени во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со пораст на максималните дневни температури кои што се очекува да се движат во интервал од 23 до 34 степени. Во сабота и недела претежно сончево и многу топло време со дополнителен пораст на температурите како на утринските така и на максималните дневни температури. Во сабота минималните од 7 до 17 а максималните од 25 до 36 степени, додека пак во недела утринските од 8 до 18 степени, додека пак дневните од 27 до 38 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот