X
 15.09.2017 Наука

Од месецот на раѓање зависи дали ќе бидете успешни

Истражувачите тврдат дека оние што се родени во одреден месец од годината имаат повеќе шанси да постигнат успеси.


Студијата, спроведена од експерти од универзитетите во Торонто, Флорида и „Нортвестерн“, анализирала податоци од околу еден милион ученици од јавни училишта во Флорида, родени помеѓу 1994 и 2000 година. Открила дека учениците родени во септември се посамоуверени, почесто се запишуваат на факултет и помалку има случаи да бидат во малолетнички затвор.

Исто така, откриено е дека учениците родени во август имаат тешкотии во училиште многу повеќе отколку оние што се родени во другите месеци.

Причината за овие два екстреми можеби се сведува на школската година, која во Англија, Велс и во повеќе држави во САД започнува во септември, па родените во септември се најстари, а во август најмлади во своите групи. Јазот во зрелоста од 11 месеци може да биде голем кога учениците првпат одат на училиште, па тоа може да влијае врз самодовербата и постигнувањата.

Во Англија и во Велс податоците покажуваат дека родителите многу често зачнуваат во декември за да добијат дете во септември, а во овие земји се бележи и скок на бројот на новородени деца токму во овој месец.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука