X
 15.09.2017 Живот

Прогноза за времето денес и какво време да очекуваме овој викенд

Денес е петок, 15 септември 2017 година, 258-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:08, а ќе зајде во 18:48 часот. Денот ќе трае 12 часа и 40 минути.

На 7 дена до крајот на летото кој што календарски завршува 22 септември, ќе уживаме во вистински летни температури. И ова утро во Македонија имаме претежно сончево и топло утро со температури кои што се над просечните за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – - Во Македонија денес ќе имаме претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 7 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 34 степени, температури кои што ќе бидат над повеќегодишниот интервал за овој период од годината. УВ индексот ќе има вредност 5.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и топло. Слаб североисточен ветер. Утринската температура од 14 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота и недела сончево и многу топло време за овој период од годината, како да сака времето да ни покаже дека летото сеуште не е завршено. Во сабота утринските температури од 7 до 17, додека пак дневните од 26 до 36 степени, а во недела и најтоплиот ден од деновите кои што ни следуваат, мининалните температури од 9 до 19 степени, а максималните од 28 до 38 степени. Во понеделник и вторник претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со пад на температурите. Во понеделник утринските од 10 до 20 степени, а дневните од 24 до 34 степени, додека пак во вторник минималните од 5 до 15 а максималните од 20 до 30 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот