X
 15.09.2017 Образование

Свечениот прв час на УКЛО ќе се одржи на Факултетот за безбедност на 18 септември

uklo

На УКЛО започна новата академска година. На неколку единици, од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола новата генерација бруцоши ги добија индексите и деканите им посакаа срдечно добредојде.

Централната свеченост по повод новиот почеток, со пригоден прв академски час УКЛО ќе ја одржи на 18 септември 2017 година на Факултетот за безбедност во Скопје. Свеченоста ќе биде во рамките на одбележувањето на 40 години од формирањето на Факултетот за безбедност - Скопје.

На свеченоста ќе бидат присутни заменик претседателот на Владата и Министерката за одбрана, м-р Радмила Шеќеринска, заменик претседателот на Владата и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ректорот на УКЛО проф.д-р Сашо Коруновски и деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски.

Од оваа централна свеченост Ректорот на УКЛО, проф.д-р Сашо Коруновски ќе ја упати неговата порака до новата генерација на студенти и ќе им посака успешни студии и добредојде во академското семејство на УКЛО.

На свеченоста ќе се доделат благодарници на поранешни декани и официјалните гости, а воедно на најдобро рангираните запишани студенти на сите студиски програми ќе им бидат врачени индексите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование