X
 17.09.2017 Живот

Неколку факти за Ким за кои малкумина знаат

Ким Јонг-ун е опседнат со кошарка. Кога бил помлад, ја сакал музиката на Витни Хјустон и на Мајкл Џексон. Ги зголемил килограмите за да личи на неговиот дедо Ким Ил-ѕунг, лидерот-основач на Северна Кореја.

фото извор: Getty images

Дописникот од Кореја за „Њујорк тајмс“ кажува повеќе детали за лидерот Ким Јонг-ун. Се открива дека привилегираното воспитување го отстранило од животот на повеќето жители на Северна Кореја. На училиште бил како и секое друго дете, а ги обожавал кошарката и Мајкл Џексон. Зошто токму тој бил одбран да го наследи татко му?

Најстариот син Ким Јонг-нам направил критична грешка кога се обидел да влезе во Јапонија, непријателска територија, со лажен пасош во 2001 година. Вториот син Кин Јонг-чул бил сметан за премногу феминизиран од страна на татко му. Дописничката открива дека вистинските намери на Ким се во складирање на неговите нуклеарни оружја. Се претпоставува дека Северна Кореја ги спроведува нуклеарните оружја бидејќи сака да биде интернационално признаена како Пакистан и Индија, кои имаат односи со остатокот од светот. Ова се уште неколку факти што не се познати за Ким:

Брзо достигнување на врвот

Имал лимитирано политичко и воено искуство кога го презел лидерството од татко му. По преземањето на моќта, веднаш ја забрза државната мисија и програмата за нуклеарно оружје, па со тоа ги зголеми тензиите на Корејскиот Полуостров.

Има прекари

Мајка му го нарекувала „Утрински ѕвезден крал“.

Не запознал странски лидер

Ја посетил Кина во 2010, но не бил во посета на странска земја откако ја презел функцијата.

Ким е семеен човек

Во 2012 стапил во брак со Ри Сол-ју, која е пејачка со вкус за луксузна облека и чанти. Ексцентричниот кошаркар Денис Родман го запознал Ким во 2013 и истакнал дека тој е добар татко. Ким и сопругата веќе имаат две деца, чиј пол е непознат, но се верува дека едното е девојче. Неодамнешни објави тврдат дека Ким е татко и на трето дете со оглед на исчезнувањето на сопругата од очите на јавноста веќе неколку месеци.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот