X
 18.09.2017 Култура

„Игра на троновите“ ќе има повеќе верзии за финалето и никој не знае како ќе заврши

трон
Фото: Youtube/Screenshot

За да го намали ризикот од хакирање и од протекување информации за сценаријата, компанијата Ејч-би-о соопшти дека ќе сними повеќе верзии за последната епизода од осмата сезона на „Игра на троновите“.

Претседателот на програмата на Ејч-би-о, Кејси Блојс, вели дека никој нема да знае како ќе заврши серијата.

„Кога имате серија што се прикажува долго, морате да го направите тоа. Бидејќи кога нешто снимате, луѓето знаат. Затоа ќе направиме повеќе верзии и никој нема да знае како ќе заврши“, вели Блојс.

Седмата сезона на серијата се соочи со многубројни хакерски напади. Хакерите ги објавија сценаријата, документите и необјавените епизоди. Поради една епизода што ја објавија хакерите од Индија, уапсени се четири личности.

Снимањето на последната сезона на серијата ќе почне во октомври оваа година и веројатно нема да биде емитувана до 2019  година.

„Нашите луѓе од продукцијата се обидуваат да пресметаат колку време ќе им биде потребно за снимање на специјалните ефекти. Самото снимање е доста комплицирано бидејќи се снима на различни континенти и со сите технички аспекти“; вели Блојс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура