X
 18.09.2017 Живот

Пуштен во употреба новиот стадион „Мерцедес-Бенц“, погледнете како се одвивала неговата изградба

1

Стадионот „Мерцедес-Бенц“ е еден од најимпресивните стадиони некогаш изградени, а видеото во продолжение покажува колку напорно се работело при неговото создавање.

„ЕртКам“ го објави нивниот најнов „тајм-лепс“ филм со цел да го прослави новиот стадион, кој ќе биде дом на тимот Атланта Фалконс од НФЛ, а ќе служи и како дом на Атланта јунајтед за Големата лига во фудбал. Филмот ги прикажува 39-те месеци напорна работа во само неколку минути.

2

Надворешноста на зградата има футуристички дизајн со триаголни челични лимови - 23 тони челик, спојувајќи ги ѕидовите на прозорците заедно. Победничката понуда за дизајн ја освои компанијата „Хелмут, Обата+ Касабаум“, а самиот дизајн ги реплицира раширените крилја на птицата.

„Вложивме многу за да создадеме отворен стадион“, вели Бил Џонсон, главниот дизајнер во „ХОК“.

Видеото подолу јасно го прикажува напредокот на масивниот ентериер. Заклучно со јуни 2016 година, над 1,6 милијарда долари биле потрошени за изградба на стадионот, кој има капацитет за 71.000 луѓе, но може да се приспособи за да собере 83.000 луѓе.

Футуристичкиот стадион и неговите импресивни подвизи на инженерство беа ставени на тест за време на првиот официјален НФЛ-натпревар што се одржа вчера.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот