X
 19.09.2017 Образование

Кој е најизучуваниот јазик во Европа?

jazik

Англискиот останува најизучуваниот странски јазик низ Европа, изучуван од повеќе од 90 отсто од студентите. Постои мала разновидност кога станува збор за вториот најучен јазик: додека францускиот води со 34 отсто во основно и 23 отсто во средно, германскиот, шпанскиот и рускиот се исто така популарни избори.

Постојат над 60 официјални јазици низ Европа. Ова е континент што изобилува со значителна јазична разновидност и таа ширина се зголемува со последните миграциски текови. Извештајот за клучни податоци на наставните јазици во училиштата во Европа во 2017 година ги одразува главните образовни политики во врска со наставата и изучувањето на јазиците во 42 европски образовни системи.

Некои од прашањата што ги одговара извештајот:

- Колку време учениците поминуваат изучувајќи странски јазици?
- Кои се најчесто понудените странски јазици?
- Дали наставниците по странски јазици патуваат во странство за обука?
- Колку имигранти студенти го зборуваат јазикот дома?

Иако главниот фокус на извештајот се странски јазици, има и некои информации за регионалните/малцинските и класичните јазици во наставниот план. Извештајот исто така дискутира за мерките за поддршка на јазиците достапни за новодојдените студенти мигранти.

Во овој извештај се користат различни извори, меѓу кои и меѓународните истражувања ПИСА и ТАЛИС, како и од „Евридика“, која ги опфаќа сите земји од ЕУ, како и Босна и Херцеговина, Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Македонија, Норвешка, Србија и Турција.

Во повеќето земји учениците почнуваат да учат прв странски јазик како задолжителен предмет помеѓу 6. и 7. година, во првите години од основното образование. Во мал број земји почнуваат да го изучуваат јазикот на 8 или 9 години. Само три образовни системи имаат задолжително учење јазик пред основно училиште: Полска, Кипар и Белгија.

1
Возраст на која првиот странски јазик е задолжителен предмет, 2015/16, фото: Eurydice

Англискиот е најизучуваниот странски јазик

Во речиси сите европски земји англискиот е најизучуваниот странски јазик од учениците во текот на основното и средното образование. На ниво на ЕУ, речиси сите ученици (97,3 отсто) учеле англиски во основно образование во 2014 година. Дополнително на тоа, бројот на ученици што го учеле англискиот јазик во основно училиште се зголемил во ЕУ за 18,7 отсто од 2005 година. Францускиот е следниот најизучуван јазик во основно и средно образование - 33 отсто од учениците во ЕУ го учеле овој јазик во 2014 година. Германскиот е третиот најпопуларен странски јазик со 23,1 отсто од учениците, а веднаш по него е шпанскиот со 13,1 отсто.

Во образовните системи каде што се бара изучување на специфичен странски јазик, англискиот е тој јазик. Ова е случајот кај речиси половина од испитаните земји. И во нашата земја англискиот јазик е најизучуваниот јазик.

2
Задолжителни јазици за време на задолжителното образование, 2015/16, фото: Eurydice

Ниво на изучување на јазикот

Поголемиот дел од европските земји поставуваат одредени нивоа на странскиот јазик до кои учениците треба да стигнат при изучување на странски јазик.

На крајот на средното образование повеќето земји бараат минимум ниво B2 за првиот странски јазик, а некои земји бараат ниво В1.

Ниту еден од европските образовни системи не поставил критериум за ниво С1 или С2.

Целосното истражување можете да го погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование