X
 22.09.2017 Култура

Гладна свиња ги раскарала Америка и Британија, за малку ќе почнела војна

1
Фото:  National Park Service

Островот Сан Хуан било мало парче земја близу државата Вашингтон, и не баш очигледна локација за меѓународен конфликт помеѓу Америка и Англија. Но во 1859 година и двете земји почнаа да ги собираат своите војници, подготвени да започнат војна околу правата на земјоделците што биле населени тука. Денес позната како Војната на свињата, а пред да бидат вклучени свињите, се водела борба за овците.

2
Фото:  National Park Service

Војната на свињата започнала со проблем специфичен за ерата на истражувањето: голем број различни земји испратиле мажи на бродови со цел да пловат по западниот брег на Северна Америка и да ги мапираат деловите од внатрешноста. Врз основа на овој чин, овие земји сметале дека земјата им припаѓала ним. Во почетокот на 19 век, Велика Британија, Америка, Русија и Шпанија имале дизајни и тврдења за она што се нарекува орегонска територија, која се протегала од денешната најјужна граница на Алјаска до Калифорнија и источно до Карпестите Планини.

Со текот на времето, Америка и Британија ги убедиле Русија и Шпанија да ги поддржат нивните прогласувања на земјата, и во текот на 1840 се согласија на заедничка окупација. Како што белите доселеници почнаа да пристигнуваат во голем број, овој непријатен аранжман станал проблем. Во 1846 година Орегонскиот договор создал линија долж 49. паралела, пресекувајќи ја територијата на две и создавајќи ја она што денес го познаваме како американско-канадска граница.

Но на крајот на копното, границата се нашла подолу, до средината на каналот што го дели континентот од островот Ванкувер и оттаму јужно низ средината на споменатиот канал.

2
Фото:  National Park Service

Ова е причината за Војната на свињата. Дури и кога бил потпишан договор, преговарачите знаеле дека постои проблем: имало повеќе од еден канал што можела да го опише оваа линија. Еден, теснецот Росарио бил поблиску до копното и им го доделувал островот Сан Хуан на Британците. Другиот, теснецот Харо бил кон запад и му го доделувал островот Сан Хуан на Американците. Лесно е да се претпостави која земја за каква интерпретација се залагала. Во следните неколку години оваа двосмисленост останала апстрактен проблем - додека доселениците не започнале да се приближуваат до оспорениот остров.

Џемјс Даглас се искачил повисоко на британската колонијална хиерархија за да стане гувернер на Британска Колумбија, и бил решен островот Сан Хуан да се додели на Британија. Островот Ванкувер под британско водство лежел токму преку теснецот Харо близу островот Сан Хуан, а контролата на двата острова би значела контрола на пристапот до теснецот Св.Џорџ и градот Ванкувер. Но политичките и стратешките импликации отишле подалеку. Двете страни верувале дека без оглед на тоа која земја го поседува островот, таа ќе има превласт во северозападниот дел на Пацификот со огромни импликации за регионалните економски и воени интереси на двете земји.

2
Фото:  National Park Service

На почеток Даглас се обидел да ги убеди луѓето од Британска Колумбија да го населат островот Сан Хуан, меѓутоа, тие не сакале да го напуштат градот и да се населат на толку изолирано место. Наместо тоа, на крајот од 1853 година Даглас морал да се задоволи со тоа компанијата „Хадсон Беј“ да испрати 1.300 овци заедно со Британецот Чарлс Грифин за да ја води најновата фарма на островот со помош на нативните овчари.

Ова го забележале американските службеници, а локалниот собирач на даноците, Исак Ебеј, одлучил дека компанијата „Хадсон Беј“ де факто продолжена рака на британската влада, треба да плата даноци на овците. Тој отпловил до островот Сан Хуан за да му врачи на Грифин сметка. Кога Грифин одбил да ја плати сметката, заменикот на Исак, Хенри Вебер, отпловил на островот и поставил камп директно зад кабината на Грифин, подигнувајќи американско знаме.

Ова не му се допаднало на Грифин, па испратил овчар кој го назначил за полицаец, да го уапси Вебер. Кога новоназначениот полицаец се обидел да ја исполни наредбата, Вебер извадил пиштол и му пукал во градите на овчарот. Ова била првата закана со насилство во конфликтот. Неколку месеци работите биле тивки.

3
Фото:  National Park Service

Подоцна, друг американски официјален претставник, комесарот на новоформираниот округ Штоком, Вилијам Кален, се заинтересирал за овците. Како и Ебеј и Кулен, сметал дека Сан Хуан треба да биде американски остров и сметал дека Грифин должи да плати данок. Четири пати окружниот шериф побарал од Грифин да плати 80,33 американски долари данок за овчарската фарма. Кога во март 1855 година Грифин повторно одбил да плати, шерифот донел група Американци на островот за данок на продажба. Тие избрале дел од овците, ги аукцирале и зеле 34 од нив на бродовите, пред Грифин да дознае што се случува. Грифин повикал засилување - британскиот брод ги бркал Американците во чамци полни со овци, пред да се откаже од потерата.

Во следните неколку години тензиите на островот останале се смириле. Фармата пораснала и се проширила, па имало 4.500 овци, свињи и други животни. Но во 1859 година почнале да пристигнуваат американски доселеници со намера да основаат свои фарми. Еден Американец однел 20 говеда.

Луѓето на островот успеале да избегнат директен конфликт, но животните биле помалку дискретни. Во летото 1859 година една од свињите на фармата на Грифин се насладила со кртоли на фармата на Американецот Лиман Култар. Култар не можел да ѝ прости на свињата за кражбата, па ја застрелал.

Ситуацијата за брзо време ескалирала. Грифин сакал да му се плати за убиената свиња и ја отфрлил понудата на Кетлар од 10 долари. Цената, според него, била 100 долари, а Кутлар не сакал да плати.

„Вие, Американците, сте непријатност на островот и нема што да барате тука. Ќе му пишам на г. Даглас да ве отстрани“, му рекол Грифин на Кутлар.

Кутлар ладно му одговорил: „Дојдов тука да се договориме за тоа што ја убив вашата свиња, а не да се расправаме за правата на Американците на островот, кој го сметам за американска почва“.

Кога генералот Вилијам Харни слушнал за проблемот на доселениците, одлучил да испрати мала единица на војници за да ги заштити Американците таму - а во неговиот извештај инцидентот на свињата станал многу поголем.

4
Фото:  National Park Service

До крајот на јули, единица од 66 американски војници предводени од капетанот Џорџ Пикет го населила островот. И Британците испратиле воен брод. До 3 август имало три брода на брегот. Така, со текот на времето имало стотици американски војници и повеќе од 2.000 британски морнари на бродовите.

Кога лидерите на двете страни слушнале што се случило, одлучиле да го смират конфликтот. До есента, двете страни се согласиле да ги повлечат своите сили - така, останала само една група американски војници на островот и еден британски брод на брегот. Во март, двете земји се согласиле заеднички да го окупираат островот, со американски камп на едниот крај и британски камп на другиот крај.

Вака останала ситуацијата во наредните 12 години. Во 1871 година, по неколку години откако Вилијам Гладстон станал премиер на Англија, земјите се согласиле да одлучат за останатата земја преку арбитража. И двете ги претставиле случаите пред комисија назначена од Кајзер Вилхелм I. Следната година конечно се решил конфликтот. Границата ќе помине низ теснецот Харо, а островот Сан Хуан ќе стане американски. На крајот, единствен изгубен живот бил оној на гладната свиња, па токму по неа војната го добила името.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура