X
 22.09.2017 Здравје

Разговаравме со м-р Филип Ачкоски за тоа зошто се корисни омега-3 масните киселини и дали доволно ги внесуваме

Често слушаме за омега-3 масните киселини, за тоа дека се добри за организмот. Филип Ачкоски, магистер по фармација и директор на ОТЦ дивизијата во хрватската фармацевтска компанија PharmaS, објаснува зошто се значајни овие масни киселини, како го помагаат детскиот развој, каде ги има, каков удел имаат врз имунитетот во комбинација со Д-витаминот, како му помагаат на организмот за работата на многу органи, меѓу кои и мозокот и нервите. Тој се осврнува и на тоа како да знаеме дали доволно ги внесуваме преку храна или треба да земаме додатоци.



Факултети.мк: Во последните години редовно слушаме дека омега-3 масните киселини се значаен дел од исхраната. Зошто се значајни?
- Омега-3 масните киселини се важна компонента на мембраната на нервните клетки и токму поради тоа нивниот соодветен внес е од суштинско значење за растот и функционалниот развој на мозокот кај бебињата и малите деца, а потребен е и за одржување на нормалната функција на мозокот и кај возрасните.
На овој начин омега-3 масните киселини ги помагаат памтењето, концентрацијата и способноста за учење, го поддржуваат правилниот развој на мозокот на детето, позитивно влијаат врз развојот на менталните функции на детето, а помагаат и за засилување на имунитетот.

Факултети.мк: Кој е најдобар извор на омега-3 масните киселини?
- Нашето тело не може да ги произведе омега-3 масните киселини и затоа ние мора да ги внесеме преку храна или додатоци. Во теоријата се вели дека нивен најдобар извор се рибите и тоа пред сè харинга, лосос, сардини, туна и пастрмка. За жал, не секогаш може да ги внесеме со јадење риба. Имено, салмонидите (лосос, пастрмка...) и други риби што живеат во ладни води (бакалар, сардини...) би требало да имаат високо ниво на ЕПА (еикозапентаеноична киселина) и ДХА (докозахексаеноична киселина), но за жал денес тие сè почесто се одгледуваат по вештачки пат и обично се хранат со соја и генетски модифицирана пченка. Така, наместо омега-3, овие риби имаат висока содржина на омега-6 и на други отрови. Поради ова се советува користење на рибино масло или додатоци на исхрана врз база на рибино масло, најчесто во комбинација со витамин Д, поради добриот синергиски ефект во изградбата и засилување на имунитетот кај децата. Исто така, познато е дека децата (а и дел од возрасните) не се големи љубители на риба. Затоа во вакви случаи недостигот од омега-3 масни киселини во исхраната може да се компензира преку додатоци во исхраната.

Факултети.мк: Ја споменавте врската помеѓу омега-3 масните киселини, витаминот Д и имунитетот. Може ли нешто повеќе да ни објасните за тоа?
- Витаминот Д е познат имуномодулатор, има противвоспалително дејство, заштитно влијание на цревниот ѕид и ја поттикнува неговата регенерација, има значаен ефект во намалување на гастроинтестиналните инфекции, а помага и при превенција и третман на атопичен дерматит. Тој влијае врз нормалниот раст и развој и го помага вршењето на невролошки и клеточни функции.



Докажано е дека витаминот Д го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против инфекциите преку негово учество во продукција на моноцитите. Во последно време се направени многу истражувања за улогата на витаминот Д во респираторните заболувања. Тие покажуваат дека неговото консумирање помага во намалување на инфламаторниот (воспалителниот) процес. Кога на ова ќе ги додадеме позитивните ефекти на омега-3 масните киселини во однос на имунитетот, сосема е јасно зошто педијатрите препорачуваат зголемен внес на витамин Д во комбинација со омега-3 масни киселини кај децата од претшколска и рана школска возраст, и тоа во периодот од септември до мај, кога бројот на сончеви денови и помал.

Факултети.мк: На неодамна одржаната „Конференција за родителство во 21 век“ промовиравте додаток во исхраната „витоси“, пастили за џвакање за деца и возрасни, за учење, паметење и концентрација. За што всушност станува збор?
- Пастилите „витоси“  (www.vitosi.hr) се додаток во исхраната со омега-3 и витамин Д3 наменети за деца над 3 години. Содржат oмега-3 масни киселини кои придонесуваат за одржување нормална функција на мозокот, зголемен капацитет за учење и нормален вид. Содржат и витамин Д, кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, како и за нормално ниво на калциум во крвта, а придонесува и за одржување нормална мускулна функција и е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата.



„Витоси“ не се резервирани само за децата, туку во нив можат да уживаат и возрасни кои консумираат риба помалку од два пати неделно. Докажано е дека ниското ниво на омега-3 масни киселини, исто така, може негативно да влијаe врз менталното здравје или, поточно луѓето што не јадат риба и морска храна се изложени на поголема веројатност да се соочуваат со депресија, биполарно растројство и постпородилна депресија. Со зголемување на дневниот внес на омега-3 масни киселини преку додатоци во храна, овие состојби може да бидат успешно третирани.

Факултети.мк: Како се консумираат пастилите „витоси“?
- Се препорачува пастилите „витоси“ да се користат во периодот од септември до мај, по една на ден. Имаат одличен вкус на портокал (без вештачки ароми) и не оставаат непријатен вкус на риба во устата, поради што не предизвикуваат нагони за повраќање. Нема потреба да се консумираат со вода, а во својот состав не содржат шеќери, глутен и лактоза. Поради специфичната технологија на производство, овозможуваат и до 44 отсто подобра апсорпција на омега-3 во однос на други препрати.
Подготвил: Н.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје