X
 23.09.2017 Технологија

Бил Гејтс: „Командата Ctrl+Alt+Delete беше грешка“

гејтс

Никој не е совршен, па не е ниту Бил Гејтс. Милијардерот неодамна призна дека доколку може да се врати во минатото, би ја променил „Ctrl+Alt+Delete“ командата со едно единствено копче.

Темата се отвори откако на „Блубмерг“ бизнис форумот, му беше поставено прашање за тоа зошто ја избрал баш оваа команда за влегување во „Task Manager“ на компјутер.

За грешката ги обвинува девелоперите од „Ај-Би-Ем“, односно инженерот Дејвид Бредли. Бредли објаснил дека тастатурата е дел од долг процес, така што немало време да се троши на мали детали.

„Можевме да имаме едно копче, но човекот што го правеше дизајнот на тастатурата на „Ај-Би-Ем“, не сакаше да ни го даде тоа копче. Програмиравме на ниско ниво - станува збор за грешка“, објаснува Гејтс.

Првично, командата ја користеле програмерите на „Ај-Би-Ем“ додека го развивале системот, без намера таа да биде позната од пошироката јавност. Но командата всушност стана една од најпознатите во историјата на компјутерите.

Што значи, намерата на Гејтс не била да ни ги отежни животите, туку брзале да го завршат првиот компјутер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија