X
 23.09.2017 Интервјуа

Интервју, проф. Габор Витај од Унгарија, физичар: Како „Гангам стајл“ стана едно од најгледаните вирални видеа на планетата

Сиот живот истражувал на полето на квантната физика, но во новиот милениум се заинтересирал како функционираат социјалните мрежи. Професорот Габор Витај денеска во Македонската академија на науките и уметност ќе зборува како виралните видеа постигнуваат глобална пенетрација патувајќи низ каналите на интернет. И тоа токму преку примерот на видеото „Гангам стајл“ од јужнокеранскиот пејач Псај. Витај учествува на меѓународната конференција што ја организираат МАНУ и Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при Академијата. Професорот Витај е вторпат во Скопје. Доаѓа од престижниот Универзитет „Лоранд Етвеш“ од Будимпешта, основан во 1635 година, кој од своите редови дал петмина нобеловци, меѓу кои и патронот на универзитетот.



Што ќе презентирате на оваа научна конференција?
- Едно истражување кое беше иницирано пред околу 5 години на социјалните мрежи. Имам група која ги проучува социјалните мрежи, особено мрежата Твитер и проучуваме како се поврзуваат луѓето, какви заедници создаваат, како информацијата се шири преку човечки контакт. Има интересен аспект, во 2012 година се појави ова познато видео од Јужна Кореа кое стана многу популарно за неколку месеци. На почетокот се ширеше многу бавно. Ако еден хит се продуцира во САД или во Европа, за кратко време станува многу популарно. Телевизиските канали го прикажуваат, за кратко време се шири, се дознава за него за 2-3 дена. Но, ова јужнокорејско видео не стана популарно на Западот, па се ширеше во Југоисточна Азија, па преку Лондон во Европа. Ширеењето одеше бавно и за нас беше перфектно да проучиме како културниот феномен се шири од една до друга заедница во цел свет.

Како дојдовте до идејата да ја комбинирате технологијата со културолошките феномени кои секојдневно се случуваат во светот?
- Јас сум физичар. Ние ѝ пристапуваме на т.н. социјална физика, каде сакаме да го разбереме општетството и феноментоте како во секоја друга наука. Сакаме да ги провериме, истражиме нештата, не само да разговараме за нив. Не интересира како се случуваат нештата, според кои правила. Овој тип на истражување почна во средината на 2010 година. Фејсбук е креиран, т.е. стана популарен во 2004 година или нешто потоа. Тогаш луѓето почнаа да ги гледаат овое дигитални отпечтоци на човештвото и се обидоа на направат модели и теории. Во нашиот случај, напарвивме една голема дата база, ги собиравме пораките од Твитер од целиот свет долго време. Почнавме летото 2012 година, па затоа песната „Гангам стајл“ дојде во вистинското време. Само што почнавме да собираме податоци, истата 2012 година бев во САД. Кога се вратив во Европа есента, беше интересно што дотогаш во САД немав слушнато за ова видео, а во Европа веќе беше насекаде. Беше многу интересно да се разбере зошто се случува ова. На пример, еден од заклучоците беше дека всушност САД, поради големината е различна од кој друг било регион во светот. Секој друг регион во светот е во тесна поврзаност со своите соседи. Ако броите колку странски пријатели имаат Македонците, ќе заклучите дека имаат десет пати повеќе пријатели во други земји отколку Американците. САД се многу затворени, ништо не може да пенетрира во САД од надворешната култура. Зошто тоа е можно во другите земји? Ако соседните земји откријат нешто, некој за кратко време ќе ви го донесе и вам, но не во САД бидејќи делот од населението во надворешниот свет е релативно мало. Големо е по број, но сепак е на ниско ниво. Затоа, на пример, на овој феномент му требаше најдолго време да стигне до САД.



Виралното патување на „Гангам стајл“ го споредувате со ширењерто на чумата во 14 век, која убила помеѓу 35 и 200 милиони луѓе. Ако е проценето дека чумата патувала по 2 километра на ден, како денес го пресметавте патувањето на виралното видео?
- Увидовме дека социјалниот вирус се шири на ист начин. Или вирусот треба физички да се пренесе. Нема опција да одите во радиостаница и да го дистрибуирате вирусот, но во случај на видео може да оди преку различни канали. Примарно не интересираше дали ќе научите за новата информација од пријателите или преку мас-медиумите. Преку мас-медиумет, се разбира, ширењето е многу побрзо. На почетокот, „Гангам стајл“ се ширел без мас-медимуте долго време. Прво ги разгледувавме поширокоте области во светот, па издвојуваме од земјите помали субрегиони и го нотриравме првото појавување на видоеото на Твитер. Потоа ги прегледувавме твитер пораките, дали се однесуваат на видеото, па го проверуваме првото појавување во секој регион во светот, па можевме да направиме тајмлајн, во која земја, во кој дел од светот се појавило видеото. Тогаш исто така ја испитувавме јачината на конекцијата во тие региони. Меревме колку Македонци, или Унгарци или Италијанци го гледале, па имаме статистики и за тоа. Колку пријатели го гледале, колкава популација има земјата, каков пристап до интернет и многу аспекти. Интересно е што можшете да ги ограничите податоците од социјалните мрежи во затворени делови и можете да разгледуваме интересни феномени.

Како добивавте пристап до овие податоци?
- Затоа се насочивме кон Твитер, бидејќи сите други социјални мрежи како Фејсбук собираат податоци кои не се достапни, ги користат за свои цели. Само Твитер има поинаков бизнис-модел, па ги даваат твитовите бесплатно, мал дел од тоа. Така овие податици можете да ги користите и развивате за свои истражувања. Ако сте компанија, ќе ги платите за висока цена, но секако можеш да го добиеш податокот. Така, сè што се твита може да биде достапно до секој. За разлика од другите, многу е лесно да се истражува мрежата Твитер.

На што работите во моментот?
- Ах, моите студии се комплицирани. Мојата кариера е на полето на физика на хаосот, но во 2000 година почнав да истражувам во социјалните мрежи. Имам група со која ги продолжуваме овие истражувања, но пред неколку години се вратив на моето првично поле на истражување и работа.

Што Ве загрижува, а треба да биде најголем предизвик на човештвото во наредните сто години?
- Во моментот сум најзагржен за нееднаквоста меѓу луѓето. Во цел свет општеството стана многу поларизирано. Дури и пред десет, 20 години беше тотално различно. Можете да видите дека политичките системи се менуваат и во многу земји има чуди сили кои го преземаат водството. Влегуваме во нова фаза на опшштестово. Луѓе зборуваат за климатски промени. Да, се согласувам дека тоа е порблем. Но, претпазлив сум во давање мислења за ова. Ми се допаѓаат ставовите на словенечкиот филозоф Славој Жижек. Излегува дека може да измислиме Тесла кола, нови технологии, проекти, да го спасиме светот, но никој не сака да ги допре проблемите зошто луѓето заминуваат, системите на социјално осигурување. Сите повеќе зборуваат за други нешта, отколку за тоа што навистина не засега. Го забележивам тоа во секое општетство. Нешто треба да се случи, поларизацијата да се сопре, да се држи под контрола, инаку би ни требало сосема ново општество со неколку богови кои ќе кружат наоколу, а остатокот ќе живее во мочуриштето. Тоа е најголемата опасност со која се соочуваме, во ова ново средновековно време.
Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Интервјуа