X
 23.09.2017 Наука

Планот на Илон Маск за колонизација на Марс

маск

Сите знаеме колку е Илон Маск посветен за колонизација на Марс. Како што вели тој: „Би сакал да умрам на Марс. Само не од удар“. Затоа не изненадува што тој и неговата компанија „СпејсЕкс“ има прилично добро осмислен план за основање на заедница на Црвената планета.

Нема потреба да го планирате вашиот нов живот на Марс, дури и ако не знаете како ќе стигнете на оваа планета. Затоа приоритет на „СпејсЕкс“ е да го направи патувањето прифатливо за џебовите на луѓето. Маск во една прилика потенцира дека моментално не постои „пресек“ помеѓу групата на луѓе кои сакаат да одат на Марс и групата на луѓе кои можат да си дозволат да одат на Марс. Всушност, во овој момент, цената за колонија на Марс е бесконечна сума на пари.

Проблемот што треба да се реши на овој фронт е повторната употреба. На крајот на краиштата, дури и велосипедот ќе биде неподнослив трошок ако се користи само еднаш. Ако еден вселенски брод заедно со ракетите може да се искористи повторно и повторно за повеќе патувања, тогаш цените на билетите неверојатно би се намалиле. А Илон, успеа да го напраави тоа со „Фалкон 9“ ракетата која покажа способност за безбедно слетување и повторно користење. Сепак, тоа не значи дека проблемот е решене. Ќе можеме да патуваме на Марс на секои две години, кога планетите ќе бидат најдобро израмнети. Сепак, ова е важен прв чекор.

Се разбира, пристигнувањето на планетата и животот таму се две различни нешта. Кога првата група на колонисти ќе слетаат на Црвената планета, најголем приоритет ќе им биде подготовката за патувањето назад.

Маск се надева дека новата заедница на Марс ќе се развие во нешто поголемо. При разгледувањето на дизајнот на колонијалните бродови, неговата визија звучи грандиозно. Со лансирање на 1,000 бродови на секои две години, тој проценува дека една колонија од еден милион жител би можела да напредува во период од 40 години од првото населување, а првата мисија е закажана за 2022 година.

Ако идејата за живот на Марс отсекогаш ве привлекувала, сега е време да започнете да размислувате што би спакувале за таму.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука