X
 28.09.2017 Живот

Вештини што вашето дете мора да ги стекне за да се снајде во животот

1

Поранешниот декан на „Стенфорд“ направи листа со вештини кои, според него, треба да ги поседува секоја личност до својата осумнаесетта година. Тој вели дека во тие години младите треба да бидат во можност сами да ги решаваат своите проблеми, сами да ги организираат финансиите, своето време, обврските и така натаму.

Доколку ги повикаат по телефон своите најблиски и прашаат за помош за овие работи, тоа значи дека не ги поседуваат основните животни вештини. А вештините се:

1. Да можат да разговараат со непознати луѓе

Уште од мали ги учиме децата да не зборуваат со непознати, но треба да ги учиме да ги разликуваат лошите од добрите луѓе. Затоа подоцна децата не знаат како да се соочат со непознатите, како да имаат контакт со очите и да се однесуваат со почит, а ова и тоа како ќе им биде потребно во животот, без разлика дали ќе бидат во контакт со продавачите, банкарите, адвокатите, возачите на автобус итн.

2

2. Да можат да се снајдат на улица

Често возите со своите деца и секаде одите со нив, па затоа тие не умеат да се снајдат во нивната околина, да патуваат со градскиот превоз, да се ориентираат каде се наоѓаат итн. А сето ова е корисно и потребно особено ако вашето дете оди да студира во друг град.

3. Да знаат сами да ги организираат своите обврски, да ги завршат задачите во дадени рокови


Уште додека се мали ги потсетуваме да си ја завршат домашната работа и им кажуваме кога да ја напишат, а некогаш дури и им ја пишуваме. Од тоа произлегува подоцна да не знаат сами да се организираат и да не знаат кои задачи им се приоритетни.

4. Да придонесат во домаќинството во кое живеат

Голем дел од родителите не бараат помош од своите деца поради обврските на училиште и воннаставните активности, што доведува до тоа да не знаат да се грижат за себе и за своите потреби, а исто така не знаат да ги почитуваат потребите на другите.

5. Да знаат да се соочат со своите лични проблеми

Им ги решаваме проблемите за да не бидат потресени или повредени, но токму затоа тие подоцна не се во состојба сами да ги решаваат своите проблеми без интервенција од родителите.

6. Да знаат да се соочат со подемите и падовите


Веднаш им доаѓаме на помош кога работите стануваат покомплицирани, па така децата не знаат дека во животот работите не се баш лесни и дека не секогаш може да оди како што било планирано. Со тоа ќе се соочуваат на работа, на факултет, со шефовите, колегите итн.

3

7. Да заработуваат и да знаат да ги организираат парите

Обично добиваат пари од родителите и добиваат сè што ќе посакаат. На овој начин децата не развиваат чувство за одговорност за некоја работа што треба да ја завршат и не умеат да управуваат со финансиите.

8. Да знаат да преземат ризик

Поголемиот дел од животот родителите им ги пополнуваат сите дупки и недостатоци и ги прескокнуваат сите препреки, за тие да не се мачат. Затоа децата не сфаќаат дека успехот не доаѓа тукутака, туку дека е потребно некогаш да се обидеме неколку пати и да се соочиме со непредвидени ситуации за да го добиеме тоа што го посакуваме.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот