X
 29.09.2017 Наука

Пронајден најстариот доказ за живот на Земјата, стар 3,95 милијарди години

форма
Фото:  Paul Gierszewski

Во северниот дел на Лабрадор, едно од неколкуте места на планетата каде што останале карпите од раната историја на Земјата, тим научници од Универзитетот во Токио откри минерален графит што покажува доказ за живот на Земјата од пред 3,95 милијарди години што го прави најстариот доказ за животот на Земјата, некогаш откриен.

Во ново истражување објавено во „Природа“, Јуџи Сано и Цујоши Комија го опишуваат нивното откритие во блокот „Саглек“, најстариот познат дел од метабезичката карпа во светот. Графитот може да биде формиран кога распаѓањето на органскиот материјал се загрева до стотици степени, а минералот формиран на овој начин има карактеристичен хемиски доказ формиран од некогашен жив материјал. Графитот е направен од јаглерод и ако изотоп јаглерод-12 е присутен особено во високи концентрации, во споредба со јаглерод-13, тоа е знак за органски материјал.

Постојат само четири места на Земјата за кои е познато дека имаат карпи кои датираат од Еоархаик периодот, пред повеќе од 3,6 милијарди години. Со тоа што преживеала толку долго, карпата се трансформирала со што го отежнала следењето на историјата како конкретен примерок. Овие докази сугерираат дека примерокот веќе бил на местото за време на трансформацијата која датира пред многу време.

И другите научници што не учествувале во истражувањето имаат позитивен став за истото. Самата Земја е околу 4,5 милијарди години стара и оваа линија на истражување го става близу потеклото на животот до раѓањето на планетата. „Земјата е биотична и одржлива на животот уште од нејзиниот почеток“, изјави еден научник.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука