X
 01.10.2017 Живот

Месечен хороскоп за октомври 2017

Што ѕвездите ви препорачуваат за овој месец?

хороскоп

Овен


Љубов
- Октомври за повеќето Овнови донесува подобрување во комуникацијата, што секако ќе им одговара на сите оние кои се во врска. Ова е одличен период да разговарате со вашиот партнер за проблемите, затоа што и двајцата сакате да ги решите проблемите. Она што може да го обележи наредниот период се промените кои сакате да ги воведете заедно.

Работа - Преговорите ќе го обележат овој месец, и тоа во сите сфери на професионалниот ангажман. Но станува збор за сосема позитивни договори и преговори, што ќе им бидат од корист на сите оние кои имаат работни планови, но и оние кои допрва бараат нешто за работа. Бидете подготвени, некои од вашите колеги ви зборуваат зад грб.

Здравје - Одлично.

Бик

Љубов - Периодот што е пред вас бара да бидете во совршен баланс, за да не дојде до проблеми во врската. Коментарите и воопшто, работите што се случуваат ќе ги сфатите лично, поради што ќе наидете на несогласувања со партнерот. Дури и најмалите работи ќе ве полудуваат, што ќе се одрази на вашиот однос во врската. Обрнете внимание да тоа да воспоставите нормална и стабилна комуникација со партнерот.

Работа - Бикови, ова е месец во кој ќе создадете потреба за натпреварување, па и ќе бидете успешни во тоа. Совршен период за организирање на секој ваш професионален чекор како и решавање на проблемите со колегите. Ќе имате само позитивни коментари и критики. Информациите до кои ќе дојдете ќе ви помогнат да работите онака како што треба.

Здравје - Слушајте ја интуицијата, и намалете со напорната работа.

Близнаци


Љубов -
Иако во вашата врска работите се во најдобар ред, она што е потребно е да создадете и воспоставите одредени граници. Колку и да го сакате партнерот и колку и да сте си дале меѓусебна слобода, некои работи мораат да се знаат и почитуваат. Ќе ви биде важно вашиот партнер да знае што вие сакате, а што не сакате.

Работа - Октомври е месец кога сите оние кои се занимаваат со односи со јавноста и продажба ќе имаат големи успеси, па потрудете се да го искористите периодот што е пред вас. Во текот на октомври ве очекуваат многу повици, па ќе реализирате значајни познанства и пријателства што би можеле многу да ви значат.

Здравје - Проблеми со дигестивниот систем.

Рак

Љубов - Многу интересни работи ве очекуваат на љубовно поле во текот на периодот што доаѓа. Доколку сте кратко време во врска, или имате „пријател“, треба да се запрашате дали можеби оваа личност сака нешто повеќе отколку лесна врска, која моментално вам не ви одговара.

Работа - Емотивниот живот ќе ви помогне да бидете поопуштени, бидејќи работата носи многу обврски и работи кои ќе мора да ги завршите, за да ги реализирате вашите цели што ги имате на ум. Ќе дојдете до момент кога ќе мора да донесете прилично голема одлука, па затоа добро би било да размислете добро.

Здравје
- Поминете повеќе време во природа.

Лав

Љубов -
Лавовите ги очекуваат помалку турбуленции во врските, доколку се зафатени. Ќе ви недостига емпатија и разбирање, така што ќе имате доста критики на ваша сметка од партнерот, што пак ќе доведе до тоа да се појават несогласувања и расправии. Обидете се малку да се смирите и обидете се да сфатите што партнерот сака да ви каже.

Работа - Време е вашите идеи и планови да започнете да ги реализирате во дело. Октомври е добар месец за успешна кариера скоро кај сите Лавови, без оглед на тоа што е вашата професија. Обидете се, сето она што го замислувате да го реализирате, бидејќи брзо ќе видите дека ќе се исплати. Кога станува збор за финансиите, месецот пред вас ви донесува доста подобрувања и подобра состојба.

Здравје - Обидете се добро да се наспиете.

Девица

Љубов - Кога љубовта и емоциите се во прашање, потребно е да размислувате за компромиси. Немојте работите да ги насочувате онаму каде што вам ви одговара - така ќе избегнете бројни конфликтни ситуации. Во текот на наредниот период на вашите емотивни односи доста ќе влијае вашата финансиска состојба, бидејќи недостигот на пари ќе ве прави нервозни, па сето тоа ќе го пренесете и на вашата сакана.

Работа - Како и во љубовта, наредниот период ќе биде обележан со финансиите. Најдобро би било да побарате совет од стручно лице. Но и покрај ваквите проблеми, вие ќе го користите вашиот шарм и моќта на заведување за да решите некои дилеми на работа.

Здравје - Потребен ви е одмор.

Вага

Љубов - Во претходниот период во вашата глава ќе се појават многу прашања кои ве мачат долго време. Сепак, во октомври дефинитивно важи она - сега или никогаш. Токму во овој период ќе имате можност конечно да разговарате со партнерот за тоа што ве мачело претходните недели. Затоа добро е овој период да разговарате за иднината на вашата врска.

Работа
- Со оглед на тоа што ова е период одличен за комуникација и отворени разговори, истиот случај важи и за работата, не само за љубовта. Дури и Вагите што се занимаваат со работа која има врска со комуникациите, ќе бидат доста успешни. Не ви е проблем да зборувате, доста сте елоквентни и работите ќе ви одат од рака.

Здравје -
Започнете со некоја физичка активност.

Шкорпија

Љубов - За сите Шкорпии што се во врска, ова ќе биде одличен период за дополнително да се зближите со партнерот и тоа на некое романтично патување, далеку од сите. Ова ќе биде одличен начин да се посветите еден на друг и да ја зајакнете вашата врска. Доколку сте слободни, сфатете дека не можат сите работи да бидат совршени и дека вашиот иден партнер не може да биде совршен.

Работа - Шкорпиите овој месец ќе бидат особено заинтересирани за реализирање на пријателски односи со колегите на работа. Само напред. Ваквите односи ќе бидат забавни, но и доста корисни. Ова генерално е добар период за работа, особено доколку се занимавате со работа што влијае врз многу луѓе или цела заедница.

Здравје - Потребен ви е одмор.

Стрелец

Љубов - Зафатените Стрелци ги очекува страстен месец. Ќе бидете расположени за љубов и ќе зрачите со некоја топлина. Овој период е најважно да има „физичка“ љубов. Доколку сте во брак, можно е проширување на семејството. Дури и ако сте слободни нема да ви биде досадно.

Работа - Кога станува збор за работата, важно е да бидете систематични, точни и добро организирани. Ќе бидете брзи, но и прецизни и овој период вашите надредени ќе ги забележат овие карактеристики и ќе ве унапредат.

Здравје - Проблеми со колената.

Јарец

Љубов
- Овој месец акцентот ќе биде на семејството. Вашата потреба повторно да бидете млади и детинести, повторно ќе ве зближи со членовите. Исто така, доста важно ќе ви биде да почувствувате дека вашиот однос се развива. Доколку сте слободни, можно е патување - на ова патување ќе запознаете личност што ќе ви се допадне.

Работа - Доколку новата технологија е во природата на вашата работа, ќе мора да ги следите промените и да бидете во тек со случувањата. Генерално, ништо посебно нема да се промени овој месец.

Здравје
- Посветете си време себеси и на вашиот личен развој.

Водолија

Љубов - Зафатените Водолии во октомври ќе имаат доста расправии со партнерот. Но на крајот вие ќе бидете таа личност што ќе попушти. Ако сте слободни, ќе бидете доста страстни и расположени за љубов. Нема да имате проблем и повремено да се опуштите во авантура без обврски.

Работа - Може да се соочите со проблеми на работа, но колку и да делуваат големо и значајно, немојте толку внимание да посветите на деталите туку потпрете се на вашата интуиција. И верувајте во себеси!

Здравје - Одлично.

Риби

Љубов
- Доколку сте во подолга врска или во брак во кои има и дете, можно е да дојде до несогласувања и недоразбирања со партнерот. Ова не е нешто што не може да се реши, но ќе треба да бидете доста упорни. Слободните Риби ќе го променат својот статус и ќе ги исполнат своите соништа.

Здравје - Обидете се да се вклучите во активност што ќе ве опушти и смири.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот