X
 03.10.2017 Економија

Компанија од Македонија во листата на топ 100 2017 најголеми компании во Југоисточна Европа

Десетта година по ред, СиЊуз (анг. “SeeNews“, www.seenews.com), провајдер на деловни информации, го објавува своето годишно рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година, како и првите 100 најголеми банки по вкупна актива и најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа. Покрај водечкото рангирање на најголемите нефинансиски компании по вкупниот остварен приход, најголемото издание на “СиЊуз ТОП 100 од ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ (анг. “SeeNews SEE TOP 100“, www.top100.seenews.com) вклучува и под-рангирање на најпрофитабилните и најдинамичните компании, компаниите кои оствариле најголеми загуби, најуспешните индустрии и компаниите кои се со најголем приход по глава на жител –  за 2016 година, како и за изминатата деценија. Овие рангирања се надополнети со интервјуа со лидерите од секој сектор и анализи на најбрзо растечките индустрии, овозможени од експерти во индустријата.

seenews top 100

Растот на домашната побарувачка во услови на историски ниска инфлација и зголемување на приватните инвестиции и вработување продолжија да го водат економскиот раст во Југоисточна Европа (SEE) во 2016 година. Економските поттикнувачки фактори беа од корист за повеќето трговци и произведувачи на возила – двете индустрии кои се најосетливи на промени во расположливиот доход, како и на потрошувачкото расположение. Истовремено, големите нафтени и гасни компании, кои традиционално доминираат во рангирањето на најголеми компании во регионот, продолжија да работат со загуби, што влијаеше на вкупниот приход на учесниците на “ТОП 100 од ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ (анг. “SEE TOP 100”) листата. Комбинираната нето-добивка на стоте најголеми компании се зголеми за 39 проценти во споредба со профитот на минатогодишните учесниците во рангирањето.

Македонија во “SeeNews TOP 100 SEE”

Македонија учествуваше во “ТОП 100 од ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“ (анг. “SEE TOP 100”) рангирањето со еден претставник, исто како и минатата година - хемиската компанија Џонсон Мети (Johnson Matthey). Компанијата ги подобри своите перформанси, издигнувајќи се од 24. место во 2016 година на 17. место оваа година, со 12% пораст во вкупниот приход.

Пет македонски кредитори беа дел од  “ТОП 100 Банки“ (анг. “TOP 100 Banks”) рангирањето. Комерцијална Банка А.Д. е повторно најголемата Македонска банка, со рангирање на 45. место во споредба со банките од Југоисточна Европа. По неа, следуваат Стопанска Банка А.Д. – Скопје (52. место) и НЛБ Банка А.Д. Скопје (60. место).  

Вкупно пет македонски претставници се најдоа на “ТОП 100 Осигурителни компании“ (анг. “TOP 100 Insurers”) ранг листата. Триглав Осигурување А.Д. Скопје е најголемата Македонска осигурителна компанија за 2016 година која на ранг листата го завзема 71. место.


Повеќе за “SeeNews“
Повеќе од 15 години SeeNews.com е водечки провајдер на деловни новости, истражувања и анализа на пазарот за Југоисточна Европа,  успешно асистирајќи на експертите во клучните индустрии во регионот, како банкарството, осигурувањето, енергетиката, телекомуникациите, автомобилизмот, фармацијата и градежништвото, при донесување на стратешки деловни и инвестициски одлуки. Клиентите на Компанијата се: “ИМБ“ (“IBM“), “Јуника“ (“Uniqa“), “Вулфтеис“ (“Wolftheiss“), “ХајпоНои Груп“ (“HypoNoe Group“), Солунската Берза, “Ројтерс“ (“Reuters“), “Дау Џонс“ (“Dow Jones“), “Лексис Нексис“ (“Lexis Nexis“), и “Буреа ван Дижк“ (“Buraeu van Dijk“), меѓу другите.


Целосната содржина на десеттото издание на “SeeNews TOP 100 SEE“ е достапна на: www.top100.seenews.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија