X
 03.10.2017 Технологија

Што значи квантното пресметување и зошто е важно?

kvantna
Фото: Guilherme Yagui

Истражувачите од Ај-би-ем, „Гугл“, „Интел“ и други компании се во научна трка за изградба на комерцијално одржлив квантен компјутер. Тие веќе постојат во лабораториите, а ние сме само неколку години оддалечени од почетокот на она што би можело да го промени нашето размислување за компјутерите.

Обичниот компјутер, како оној во вашиот телефон или лаптоп на кој ја читате оваа статија, е бинарен систем, во основа да/не уред. Најневеројатното нешто за компјутерските програмери е како тие можат да преземат нешто толку основно и едноставно како компјутерскиот чип и да создадат нешто како „Мајкрософт Офис“ со создавање серија „ако ова, тогаш она“ сценарија. Ова покажува колку е корисен компјутерот како алатка за луѓето да ги извршуваат задачите.

Квантен компјутер


Квантниот компјутер е сосема различен концепт - причината поради која е квантен е тоа што не користи бинарна логика. По својата природа квантинот компјутер е да/не/и двете уред. Кога девелоперот прави логички избор што не е ограничен со „ако не ова, тогаш она“, тој тогаш може да праша „ако ова, тогаш она - или двете“ и со тоа да ја направи разликата во светот.

Постојат неколку примери каде што бинарниот компјутер не може да го реши проблемот онака како што би сакале. Кога е запрашан да реши проблем каде што секој одговор е еднакво веројатен, бинарниот компјутер треба да издвои време за индивидуално да ја процени секоја можност. Квантните компјутери можат да проценат повеќе од една веројатност во еден момент преку нешто што се нарекува „квантно заплетување“.

Кога две честички стануваат заплеткани, се јавува феномен каде што сè што се случува со една од овие честички ѝ се случува и на другата. Ова Ајнштајн го нарекол „морничава акција на далечина“. И бил во право. Истражување направено на квантните компјутери од 80-тите се фокусира на откривање како да се користи квантна поврзаност за наша предност.

Квантниот интернет на иднината се гради токму сега, а кинеските истражувачи прават неверојатни чекори во квантната комуникација.

Квантниот интернет не би можел да се хакне бидејќи нема пренос на податоци. Секако, слабостите за складирање сè уште постојат, но дотогаш нашата безбедност ќе биде управувана со вештачката интелигенција.

Иднината


Технологијата е веќе тука, меѓутоа, постојат многу предизвици што треба да се надминат за да се стигне до целта - целосна имплементација. Прво, квантната пресметка за која сме способни сè уште е назад, а треба да ги надминеме и физичките проблеми, како на пример фактот дека во Ај-би-ем лабораторијата процесорите треба да се чуваат на совршено нулта-температура во рамките на стотинки од еден степен.

И покрај проблемите, иднината е светла. Неодамнешни откритија го вклучуваат првиот вселенски-базиран видеоповик обезбеден со квантна енкрипција.

Видеоповикот го поврза кинескиот научник во Пекинг со австрискиот научник во Виена. Растојанието помеѓу повиците било 6.437 километри. Комуникацијата била испратена до сателит во вселената, а потоа свртена назад кон Земјата.

Овие квантни шифрирани комуникации би биле невозможни за пробивање користејќи бинарен компјутер. Можеби најдобриот начин да се погледне на промената која квантните компјутери ја претставуваат е да се спореди со бинарно пресметување на ист начин на кој би ги споредиле способностите на „iPhone X“ со оние на калкулаторот „Timex“ од 80-тите години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија