X
 04.10.2017 Култура

Од утре во Синеплекс „Истребувач 2049“ (Blade Runner 2049)

Рајан Гослинг и Харисон Форд во филмот на визионерот и режисер Денис Вилнев!

BLADE RUNNER 2049

Денис Вилнев моментално е еден од најбараните и најатрактивните режисери во Холивуд. По неколку успешни фестивалски филмови како што се „Политехник“ и „Нашата мајка“ следуваа и низа успешни филмски хитови, пофалени од страна на критичарите („Затвореници“, „Сикарио“), кој кулминираше минатата година со научно-фантастичната драма „Пристигнување“ за која доби дури осум номинации за престижната награда Оскар, меѓу кои и онаа за најдобар режисер. Оваа есен не очекува ново изненадување од овој прославен визионер, а станува збор за еден од најпознатите научно-фантастични филмови во историјата на кинематографијата- „Истребувач 2049“ (Blade Runner 2049). Во овој акционен спектакл главните улоги ги толкуваат Рајан Гослинг и Харисон Форд!



Триесет години по настаниот од првиот филм, новиот истребувач, полицаецот К од полицијата од Лос Анџелес (Рајан Гослинг) ја открива долго чуваната тајна што има можност да предизвика хаос во општеството и да стави крај на човештвото. Откритието на К го носи во потрага по Рик Декард (Харисон Форд), поранешен полицаец од Лос Анџелес кој е исчезнат веќе 30 години.

Иако малку се знае за самото снимање на овој филм, ексклузивните најави јасно ветуваат дека не очекува вистинско визуелно доживување какво ниту Стивен Спилберг ниту Џорџ Лукас во своите најдобри режисерски денови не би се ни посрамотиле да снимат. Филмот „Истребувач“ (Blade Runner) од 1982 година, не постана блокбастер во вистинска смисла на зборот, но како одминуваше времето го доби својот култен статус, а денес важи за еден од најдобрите научно-фантастични филмови некогаш снимени кој на изразито реален начин ја предвидуваше иднината на човештвото. Не е ниту случајност колку обожавателите и филмските ентузијасти ширум светот нестрпливо го очекуваат продолжението кое оваа есен ни доаѓа во режија на визионерот каков што беше Ридли Скот (режисерот на првиот „Истребувач“ (Blade Runner)).

Филмот ни носи фантастична актерска постава која ја предводат двајцата главни актери – Рајан Гослинг и Харисон Форд кој ја повторува својата улога на полицаецот Декард. На нив им се придружуваат и оскаровецот Џеред Лето („Добрите дилери од Далас“), Ана де Армас („Кучиња на војната“), Баркхад Абди („Капетан Филипс“), Едвард Џејмс Олмос (ТВ серија „Батлстар Галактика“), Дејв Баутиста („Спектра“) и добитничката на наградата Златен Глобус, Робин Рајт (ТВ серијата„Куќа од карти“).


КИНО ПРОГРАМА (04.10.2017-11.10.2017)
„Истребувач 2049“
(Blade Runner 2049) 3Д
Секој ден: 15:00, 17:00, 18:00, 20:00, 21:00, 23:00
Викенд: 15:00, 17:00, 18:00, 20:00, 21:00, 23:00

„Истребувач 2049“
(Blade Runner 2049) 2Д
Секој ден: 19:00, 22:00
Викенд: 12:40, 19:00, 22:00

„Кингсмен: Златниот круг“
(Kingsman: Golden circle)
Секој ден: 15:45, 18:40, 20:10, 21:30, 22:45

„Американски Платеник“
(American Assassin)
Работни денови: 17:10, 19:10, 21:15, 23:20
Викенд: 14:40, 17:10, 19:10, 22:45

„Борг и Мекенро“
(Borg & McEnroe)
Секој ден: 19:45, 21:45

„Тоа“ (IT)
Секој ден: 16:30, 19:30, 22:15

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ
„Лего Нинџаго“ 3Д
(Lego Ninjago Movie)
Секој ден: 15:30, 17:45
Викенд: 11:40, 13:40, 15:30, 17:45

„Лего Нинџаго“ 2Д
(Lego Ninjago Movie)
Викенд: 11:00, 13:00

„Подлиот Јас 3“ 3Д
(Despicable Me 3)
Секој ден: 12:00, 14:00

„Емотикони“ 3Д
(Emoji Movie)
Викенд: 12:30

„Малиот Бигфут“ 3Д
(The son of bigfoot)
Секој ден: 15:15, 16:15, 17:30, 18:20
Викенд:11:20, 12:20, 13:20, 14:20, 15:15, 16:15, 17:30, 18:20

ОПЕРА
Норма, МЕТ, 2017 HD сателитски пренос во живо
Сабота: 18:55

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура