X
 05.10.2017 Наука

Брилијантен одговор на астронаутите од НАСА за сите што веруваат дека Земјата е рамна

наса
Фото: Getty Images

Астронаутите, кои напорно работат во центарот на НАСА и кои имале можност да ја видат нашата планета од вселената, имаат брилијантен одговор за сите оние луѓе што се приклучуваат на бизарното движење кое вели дека Земјата е рамна.

Ова движење вели дека владата, вклучувајќи ја и НАСА, е вклучена во теорија на заговор за да ја зачува во тајност својата структура. Во септември уметникот Б.о.Б почнал да собира финансиски средства со цел да докаже дека Земјата е рамна.

Неговата веб-страница „Show BoB the Curve“ успеала да собере 5.081 долар, а вкупната сума што сака да ја собере е еден милион долари. Парите би биле потрошени на балони и сателити.

Астронаутот Скот Кели, поранешен командант на Меѓународната вселенска станица, како одговор на нивната кампања го испратил овој твит:

Тери Виртс, кој четири пати учествувал во мисиите на НАСА, а бил и командант во Меѓународната вселенска станица, на својот профил го твитнал ова:

Се вклучил дури и Баз Олдрин:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука