X
 05.10.2017 Образование

Дескоска со честитка за Светскиот ден на наставниците: Вие се суштинска алка во воспитно-образовниот процес

Вие сте суштинската алка во воспитно образовниот процес и создавањето на успешни идни генерации, кои ќе продолжат да ја водат државата на патот кон развојот и севкупниот општествено-економски просперитет, вели министерката за образование и наука, Рената Дескоска-Тренеска, во честитката што ја упатува по повод Светскиот ден на наставниците. Таа нагласува дека со својот тим се свесни зa важноста на просветителската професија.

-Токму заради тоа, започнавме процес на промени кои ќе значат подобрување на општествениот статус и достоинство на луѓето кои одбрале да бидат наставници. Промените кои ќе водат кон подобро и поквалитетно образование, ќе бидат создавани и имплементирани во соработка со вас. Викендот зад нас, вашите колеги учествуваа во првата од низа работилници наменети за измени и дополнувања на Законите за основно и средно образование. Досега дадените предлози и забелешки, како и сите кои подоцна ќе пристигнат, ќе бидат сериозно разгледани и вклучени во законските решенија – стои во честитката. 


Ресорната министерка изразува благодарност до сите просветни работници за „личната заложба, изразена креативност, жртва и посветеност кон создавањето на нови генерации кои ќе ја градат иднината на оваа држава“. 


-Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, а нашата земја заслужува успешна иднина. Затоа, се надеваме дека блиската соработка со вас ќе продолжи и во иднина, за заедно, тимски, да ја оствариме благородната мисија за образување на младите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование