X
 05.10.2017 Настани

Хуманитарна акција “Прочитај пријател, запознај книга„

Mакедонскиот старт ап Работно.мк, во соработка со професори од Економски, Правен, Филолошки и Филозофски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, резервирај.мк и Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ ве повикува да се вклучите во хуманитарната акција “Прочитај пријател, запознај книга„.



Имаме голем број на книги кои сакаме да ги споделиме со Вас. По тој повод, организираме настан во Центар за дизајн и иновации  „Јавна соба“ на 8 Октомври 2017  (недела) во 17 часот. Се што треба да направите е да дојдете на настанот (може да резервирате маса тука), да ја одберете книгата која Ви се допаѓа и да донесете насмевка, книга, училишен прибор или спортска облека. Работите кои ќе ги донесете ќе бидат донирани во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ – Скопје.

За добра забава ќе се погрижат добро познатите скопски бендови Chill Play на кои исто така сакаме да им се заблагодариме за нивната несебична донација, Bona Dea и Blackout.

Најважното да не го запоравиме, љубовта кон книгата ќе ни донесе нови пријателства.

Се гледаме на настанот 🙂

Линк од настанот од работно.мк , Линк од настанот на Facebook и Линкот за онлајн резервации на настанот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани