Има ли поблагородна професија во кое било општество од просветителството? Од вашата професија се раѓаат сите други професии. Љубовта кон знаењето што вие им ја пренесувате на учениците е клучна за патот на знаењето што не знае за граници.
Но, да се биде наставник денес сè почесто се чини дека е неблагодарно и бара витешки способности. Во време кога родителите знаат сè, децата знаат уште повеќе, школските програми се со сомнителен квалитет, ни малку не ви е лесно да ја остварувате вашата мисија - да ги описмените и да ги научите децата да размислуваат со своја глава.
Драги наставници, борете се за вашето место, кое го заслужува пиедесталот во општеството! Не откажувајте се лесно од борбата со секојдневните сопки на кои наидувате! Така и нашите деца ќе научат дека без борба нема достоинство, нема успех, нема знаење!
Тимот на Факултети.мк ви го честита празникот!