X
 06.10.2017 Култура

Најисчекуваните филмови за овој месец

Се чини дека овој месец ќе биде обележан со „Blade Runner 2049“, со оглед на тоа што беше еден од најисчекуваните филмови за оваа година. Меѓутоа, покрај него има уште неколку филмови што треба да ги погледнете.

Имајќи го тоа на ум, ова се најисчекуваните филмови за октомври од познатата веб-страница „Ротен Томејтос“.


1. „Blade Runner 2049“

1
Фото: Warner Bros

Не е изненадување тоа што овој филм е долгоочекуван од филмската публика. Ридли Скот се појавува како извршен продуцент, Денис Виленуеве е режисерот, Рајан Гослинг си е Рајан Гослинг, а Харисон Форд се враќа да ја репризира неговата улога од иконскиот оригинален филм. За среќа, завршниот производ е фантастичен, како што кажуваат раните рецензии. Филмот може да биде еден од најголемите хитови оваа сезона и комерцијално и критички.

2. „Geostorm“

2
Фото: Warner Bros

Дин Девлин поминал години пишувајќи ги и продуцирајќи ги филмовите на Роланд Емерих, а сега ги следи неговите чекори со сопствен филм. Во неговото режисерско деби ќе глуми Жерард Батлер како астронаут кој ќе се впушти во опасна мисија кога сателитите за контролирање на климата на Земјата предизвикуваат глобални катастрофи. Останатата филмска екипа ја сочинуваат Енди Гарсија, Еби Корниш, Ед Харис и други.

3. „The Snowman“

3
Фото: Universal Picture

Базиран на норвешкиот крими-роман со истото име од Џо Несбо, овој трилер е за брилијантниот детектив кој се обидува да го пронајде серискиот убиец со одличен талент. Томас Алфредсон е режисер на филмот, а филмската екипа што ја избрал се Мајкл Фасбендер, Ребека Фергусон, Џ.К.Симонс, меѓу другите. Филмот има голем потенцијал.

4. „The Mountain Between Us“

4
Фото: 20th Century Fox


Идрис Елба и Кејт Винслет глумат во овој трилер што исто така е базиран на роман. Приказната е за двајца странци што се принудени да работат заедно откако нивниот авион ќе се сруши во снежна планина. Елба и Винслет се единствените актери што се појавуваат во филмот, меѓутоа, со оглед на нивната способност, како и способноста на режисерот Хану Абу-Асад, нема сомнение дека филмот ќе биде одличен.

5. „The Foreigner“

5
Фото: STX


Неочекувано, овој филм на режисерот Мартин Кемпбел успеа да си резервира место на листата. Во овој акционен трилер се појавуваат Џеки Чен и Пирс Броснан - Чен е лондонски бизнисмен со тајно минато што го прогонува откако неговата ќерка е убиена во терористички напад. Кемпбел режирал неколку Бонд-филмови, така што не му е непознат овој жанр.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура