X
 06.10.2017 Живот

Престанете да се дружите со луѓе што ве кочат

vreme

„Клучот е да бидете во друштво со луѓе што ве поттикнуваат и чие присуство го извлекува најдоброто од вас“.

Епиктет верувал дека човек може да биде најдобар само ако се опкружи со луѓе што би го извлекле најдоброто од него. Кога вели „поттикнуваат“, не значи само да се биде среќен. Да се биде поттикнат би можело да значи различно за секого. Истото важи и за „најдоброто од вас“. Во основа, не треба да поминувате време со некој што ќе ги корумпира вашите доблести, ќе ја поткопа вашата среќа или ќе ве направи неефикасни - што и да значи тоа за вас.

Неговиот совет е едноставен, и како таков е прилично тежок да се примени во реалниот живот. Честопати луѓето се наоѓаат во општествени кругови, на работното место и со општествени обврски што понекогаш е тешко да видат дали воопшто им се допаѓаат луѓето со кои поминуваат поголем дел од времето. Уште полошо е тоа што луѓето мора да го потиснат најдоброто од себе или да го извлечат најлошото.

Пред да си одите од следниот состанок или настан, запрашајте се дали луѓето со кои сте биле во друштво ги извлекуваат најдобрите квалитети од вас. Ако сте интелигентен мислител, дали тие го предизвикуваат вашиот ум? Ако сте креативен тип, дали тие ве притискаат да ја следите вашата уметност? Ако сте љубопитни, дали ви презентираат нови перспективи од светот? Ако сте слободен дух во потрага по авантура, дали тие ја бараат авантурата со вас или ве врзуваат да бидете во едно место? Дали навистина сакате да бидете околу нив?

Размислете за работите што ве поттикнуваат како личност, квалитетите што ве тераат да бидете подобри и да ги барате истите работи кај другите. Опкружете се со живи катализатори кои ќе ве поттикнат да бидете најдобрата верзија од себе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот