Понекогаш некои идеи изгледаат смешно, но тоа не значи дека не можат да се реализираат и на крајот да бидат генијални. На пример, онаа наречена „Кроубар (Преполни градови)“. Станува збор за паметна машина која тренира врани да собираат догорчиња од цигари од улиците.
фото извор: thenextweb.com
Дизајнерите Рубен ван дер Влеутен и Боб Спикман се сетиле на оваа идеја, кога забележале огромен број на догорчиња од цигари околу парк во Амстердам и започнале со смислување на решение. Најочигледниот одговор бил роботи, но тие сметале дека тоа не би изгледало прикладно, па затоа се сконцентрирале на птици. Прво се сетиле на гулаби, но сметале дека е тешко да се тренираат. Затоа постои друг тип на птица која сака да живее близу луѓе и има способност за да учи, а тоа е враната (се смета за еден од најинтелигентните видови на планетата). Враните можат да создадат концепт, да креираат и да користат алатки. Играат, учат едни од други и можат да манипулираат со луѓето и да им помогнат.
Рубен и Боб наишле на проект од Џошуа Клеин, кој бил наречен „Кроубокс“, што е всушност машина која е дизајнирана автоматски да ги тренира враните да го земаат кусурот и да го враќаат во замена за кикиритки. Кога го виделе тоа, Рубен и Боб помислиле дека не би им претставувало проблем и да собираат догорчиња од цигари. Нивната идеја го следи процесот од 4 чекори на Клеин за тренирање на врани.
Првиот чекор е запознавање на враните со храна и догорче на послужавник во машината. Храната е секогаш тука, до догорчето, па враната учи да се враќа по уште храна. Вториот чекор подразбира одземање на храната и испуштање веднаш по пристигањето на враната, па таа се навикнува на активностите на машината. Третиот чекор е најважниот. Храната целосно се отстранува, а се остава само догорчето на послужавникот. Враната, која е навикната да добива храна само кога е тука, ќе започне да се движи наоколу, а со тек на време го турка догорчето во приклучокот за догорчиња. Кога тоа ќе го направи, храната повторно се појавува. Овој чекор се повторува се додека враната не научи да го поврзе доаѓањето на храната со отстранувањето на догорчето. Четвртиот чекор е единствениот во кој се вклучени луѓе. Кога враната се опушта и го учи третиот чекор, одредена лице расфрла неколку догорчиња околу машината. Па, враната треба да ги пронајде и да ги депонира во машината. Кога тие ќе бидат собрани, враната оди да бара догорчиња и во надворешниот свет.
фото извор: thenextweb.com
Ова се смета за одлична симбиоза помеѓу машина и животно, чија цел е да се помогне на луѓето во нивниот проблем во врска со загадувањето на животната средина.
Сепак, се поставува прашањето дали токсините од догорчињата ќе им наштетат на враните. Креаторите велат дека ефектот кон природата е огромен, а жртвата на неколку врани е мала цена за плаќање, а и лошото влијание од догорчињата на враните е минимално. Бројот на врани кои ќе бидат тренирани може да биде ограничен, односно тоа може да се регулира во машината.
Во иднина, сакаат да тренираат и други видови на животни. Се надеваат дека со вакви
проекти ќе се зголеми свесноста кај луѓето за загадувањето на средината, па заклучуваат дека оваа машина не само што ги тренира враните, ги тренира и луѓето да го променат своето однесување.