X
 08.10.2017 Наука

Нашата Месечина некогаш имала атмосфера

Ново истражување покажува дека Месечината имала атмосфера пред 3 до 4 билиони години. Се формирала кога вулканска ерупција уништила стар сателит, придвижувајќи ги гасовите над нејзината површина, со брзина која за нив е преголема за да стигнат во вселената.


Површината на Месечината е зачинета со базени исполнети со базалт, наречени „мариа“. Се формирале кога делови од магма од внатрешноста на Месечината еруптирале на површината, креирајќи текови на лава. Астронаутите од мисиите „Аполо“, вратиле назад примероци од „мариа“ на Земјата, а е познато дека лавата содржела јаглероден моноксид и други гасовити компоненти, како сулфур, па дури и водени блокови.

Месечината сега нема атмосфера, бидејќи и недостига силно магнетно поле и доволна маса за да ја задржи атмосферата околу себе. За разлика од неа, Земјата има доволна маса и магнетизам за да ја одржува атмосферата, а на Месечината секоја атмосфера би била за кратко време отстранета од соларни ветрови.

Тимот на научници кој тврди дека Месечината порано имала атмосфера, користел примероци за да пресмета колкава количина на гас била акумулирана за да се формира атмосфера. Откриле дека вулканската активност започнала пред околу 3.5 билиони години, кога атмосферата била најтенка. Откако се формирала, се одржувала околу 70 милиони години пред да биде отстранета и изгубена во вселената. За време на периодот кога Месечината имала атмосфера, била речиси 3 пати поблиску до Земјата и изгледала многу поголема на небото.

Новата информација има важни импликации за идните астронаути, кои ќе планираат мисии на Месечината и истражување на вселената. Истражувањето покажува дека испарувањата од атмосферата можеби се заробени блиску до лунарните полови, во студени и секогаш темни региони. Ако ова е вистина, можеби има извор на мраз на Месечината кој астронаутите може да го користат за пиење вода, одгледување на храна и други потреби. Депозитите со мраз со заробени испарувања може исто така, да обезбедат гориво и воздух за операциите на површината на Месечината, како и оние надвор од неа.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука