X
 08.10.2017 Уметност

Познат датумот за објавување на последната книга со поезија на Леонард Коен

Последната книга поезија на Леонард Коен наречена „Пламенот“, ќе биде објавена во октомври 2018 година. Коен ја завршил книгата неколку месеци пред својата смрт во ноември на возраст од 82 години.

фото извор: Valery Hache/AFP/Getty Images

Колекцијата ќе вклучува во најголем дел нов материјал, според информациите на издавачката куќа „Канонгејт“. Поранешниот менаџер на Коен, Роберт Кори, изјавил дека завршувањето на книгата била една од главните цели на Коен пред неговата смрт.

Коен водел кариера како поет и новелист уште пред да се насочи кон музиката. Некговата прва книга „Дозволете ни да споредуваме митологии“ била објавена во 1956 година, а потоа во 1961 ја објавил „Зачинетата коцка од Земјата“ и „Цвеќиња за Хитлер“ (1964). Неговиот прв албум како кантавтор бил објавен во 1967 година, кога бил во раните триесетти.

Книгата ќе вклучува и илустрации и интимни делови од неговите дневници, како и целосни текстови од последните 3 албуми.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност