X
 08.10.2017 Технологија

Се сомневате во лажни вести? Искористете ја најновата опција на „Фејсбук“

lazni
Фото: Getty Images

„Фејсбук“ има голем проблем со лажните вести. Најновите трендовски вести промовираше дезинформации за пукањето во Лас Вегас.

За да се справи со ширењето на лажни вести, оваа социјална мрежа тестира нова опција што на корисниците им овозможува да направат разлика помеѓу една статија од доверлив издавач и издавач што е сомнителен, со притискање на копчето „more information“ (повеќе информации).

Новото копче додава релевантни информации за било која статија споделена на вашиот „news feed“, како што е информација за издавачот (како Википедија страница), дополнителни статии за темата, и како статијата е споделена на „Фејсбук“. Ако некоја статија нема информации како на пример страница на Википедија или нема други линкови слични на таа информација, „Фејсбук“ ќе ги предупреди корисниците за информациите што недостасуваат. Новото копче е тука за да им помогне на корисниците да донесат информирани одлуки за тоа кои статии да ги читаат, споделуваат и да им веруваат. Присуството на лажните вести споделени од самиот „Фејсбук“ е растечки проблеми откако компанијата го распушти својот човечки тим за тренд новости.

Сепак, претходните напори на „Фејсбук“ за идентификување на лажните вести за корисниците во форма на „Disputed“ таг за одредена статија, не донесе голема промена во навиките на помладите корисници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија