X
 09.10.2017 Образование

Британско училиште ги подобри резултатите на учениците по математика без дополнителни часови

Има нешто посебно во начинот на кој музиката влијае врз човечкиот мозок. Ова го потврдуваат и од Академијата „Фивершам“ од Бредфорд, Англија. За да ги подобрат резултатите на учениците, прво сакале да ја зголемат бројката на часови по математика и по англиски јазик, но на крајот сториле нешто друго.

фото извор: Shuterstock

Додале дополнителни 2 часа неделно музика за секој студент и резултатите се неверојатни:

-    Училиштето сега спаѓа во најдобрите училишта според успех и напредок на учениците;
-    74% од децата го постигнуваат државниот стандард за читање, повисок од националниот просек од 53%;
-    Учениците се за 7,1 бода пред државниот стандард за читање и за 3,4 бода за пишување;
-    Учениците се за 7,1 бода пред националниот просек за математика.

Пристапот на училиштето кон музиката се заснова на метод развиен од Британската академија „Кодали“, чија цел е развивање способност кај децата за учење преку пеење, ритмичка работа, солфеж, развивање на меморијата и импровизација. Секој студент има барем два часа по музика неделно, а дополнително е вклучена и музичка лекција од 30 минути, како и поминување 1 час со ансамбл, гостин-музичар и пејачка група.

Интересно е тоа што регионот во кој се наоѓа училиштето е сиромашен крај каде што 3 четвртини од популацијата се лица од Пакистан, Бангладеш или Индија. 99% од учениците на училиштето покрај англискиот зборуваат уште 1 јазик, а половина од нив англискиот првпат го учат во училиштето.

Училиштето се обидува да изгради силна кохезивна ученичка популација, па така учениците пеат песни и од „Битлси“, на пример, како и муслимански песни. Вработените во училиштето сметаат дека со музиката децата ги надминуваат тензиите што ги создава општеството и учат како да соработуваат меѓусебно.

Експертите велат дека мозокот нема способност да ги процесира сите достапни сензорни информации од секунда во секунда, па мора да го селектира она што е релевантно. Мозокот на музичарот селективно ги подобрува информативните елементи со звукот. Постои поврзаност помеѓу сензорите и когнитивните процеси, па нервниот систем креира асоцијации помеѓу комплексните звуци и нивното значење.

Од училиштето се надеваат дека луѓето што донесуваат важни одлуки во земјата ќе прочитаат и ќе дознаат за нивниот успех и ќе сфатат дека креативните предмети се од есенцијално значење за напредокот на сите ученици.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование