X
 09.10.2017 Образование

Наградени четворица просветни работници за изминатата учебна година




Четири наставници се прогласени за просветни работници на изминатата учебна година, а признанијата им ги додели Сојузот на просветни работници на Македонија, по повод Светскиот ден на учителот, 5. Октомври. Наградени се: Лила Арсова од велешкото основно училиште „Васил Главинов“, за одделенска настава, м-р Матилда Бајкова од скоспкото „Вера Циривири-Трена“, во категоријата предметна настава, Гордијана Ѓоргова, во категоријата средно образование и Муамер Доко од школото „Братство и единство“ од Охрид, во категоријата од заедниците.
Признанијата им ги додели заменик-претседателката на Сојузот, Лидија Николовска-Георгиевска. Таа истакна дека преку Светскиот ден на учителот треба да се поддржат учителите и да се осигура дека потребите на идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани од страна на учителите.

Издвојуваме

Образование