X
 09.10.2017 Култура

Половина век од смртта на Че: „Не можете да го замолкнете, тој е херој“

ce

Адолфо Мена Гонзалес, средовечен бизнисмен од Уругвај,  стигнал во Ла Паз, Боливија на 3 ноември 1966 година. Тој одбрал хотелски апартман со поглед на снежните врвови на планината Илимани, и се фотографирал во огледалото.

Всушност, тоа бил Ернесто Че Гевара, аргентинскиот револуционер, кој помогна да се собори од власт кубанскиот диктатор подржуван од Америка, и герилски борец кој работел на каузата за проширување на социјализмот низ целиот свет.

Единаесет месеци подоцна, поинаква слика од Че Гевара се проширила низ светот. На неа се гледало безживотното тело на големиот револуционер, испружено на черга.

„Велеа дека изгледа како Христос“, вели Сузана Осинага (87), пензионирана медицинска сестра која помогнала да се исчисти неговото тело од крвта и прашината. „Луѓето и денес се молат на светиот Ернесто. Велат дека прави чуда“.

Денес се одбележува половина век од неговата смрт, настан кој боливискиот претседател Ево Моралес го означува како „ново покренување на антиимперијалистичката борба“.

Откако пропаднала неговата експедиција во Конго во 1965 година, Гевара се завртил кон Боливија , како своја нова база за ширење на -прво регионална, а потоа и глобална револуција.

1

„Гледајќи од оваа гледна точка, може да се забележи одредена наивност, нетрпелив идеализам“, вели Џон Ли Андерсон, автор на конечната биографија „Che Guevara: A Revolutionary Life“ од 1997 година.

Меѓутоа, во жешката атмосфера во шеесеттите, сè изгледало како можно. „Ако некогаш постоело вистинско време во модерната ера да се изведе такво нешто, тоа беа шеесеттите“, додава тој.

Па сепак, нешто тргнало наопаку, штом Че со својата група од 47 луѓе стигнал во регионот Нанкахуаз. Тие изгубиле радио-контакт со Куба, а им снемало и залихи. Биле измачувани од болести и крвожедни инсекти.

Боливиските регрути се двоумеле да преземат наредби од Кубанците, а владата сеела страв меѓу народот од странските освојувачи, скриени меѓу боливиските селани.

До САД набрзо стигнала информација за присуството на Гевара во тој регион, па испратиле агенти на ЦИА и воени советници, да му помогнат на режимот на Рене Бариентос.

Во воена заседа на 31 август, биле уништени половината од силите на Че Гевара. Преостанатите, едвај се движеле кон планините, обидувајќи се да ја избегнат поставената заседа.

Че, кој страдал од астма, јавал на мазга кон далечното село Ла Игера. Локалните селани ги пријавиле пред властите кои поставиле заседа, при што бил уништен и карабинот на Гевара.

Бидејќи бил ранет, на Че не му преостанал ниаков друг избор освен да се предаде на батаљонот кој бил обучуван од американските Зелени беретки, под команда на 28-годишниот капетан Гери Прадо.
„Не пукај – јас сум Че. Повеќе ти вредам како жив“, наводно му кажал револуционерот.

Во интервјуто за „Гардијан“, Прадо се потсетува на тој момент. „Почувствував сожалување, затоа што изгледаше толку сиромашно, толку уморно, толку валкано“, истакна тој. „Не би можеле да кажете дека бил херој. Нема шанса за тоа“.

Гевара со својот пријател Симеоне Вили Куба Сарабија биле префрлени во селското училиште во Ла Игера. Ги држеле во одвоени простории.

Прадо имал неколку разговори со Гевара. Вели дека му однел храна, кафе и цигари. „Отсекогаш со него се однесувавме со почит. Немавме ништо против него, иако некои наши војници беа убиени“, тврдел тој.

Кога Гевара го запрашал што ќе биде со него, Прадо му кажал дека ќе го пратат пред воен суд во Санта Круз.

„Тоа му беше интересно. Идејата дека можеби ќе добие шанса на суд“, вели Прадо.

Се разбира, немало судење. Според Прадо, следниот ден добиле наредба да го ликвидираат.

2

Марио Теран, 27-годишен помлад војник, се пријавил како доброволец за егзекуцијата. Со два рафали од автоматска пушка, тој го окончал животот на Че Гевара. После тоа, телото со хелихоптер било префрлено во соседниот град Валегранде и изложено пред јавноста и медиумите. Без шаки, како и телата на неговите другари, посмртните останки биле погребани во необележени гробови.

Иако Прадо тврди дека немал ништо со убиството на Гевара, отворено вели дека таквата процедура била вообичаена тоа време: „Беше убиен и тоа е за секаква осуда, но ако го замислите тој момент....во тој момент, тоа беше оправдано“, тврди тој.

И покрај непријателскиот прием на Че и неговите другари,нивното присуство донело заживување  на Ла Игера. „Индустријата на Че“ цвета и во Валегранде. Туристите ја посетуваат болничката просторија каде било изложено телото на Че по убиството, како и гробовите во кои биле закопани телата на револуционерите, пронајдени дури по триесеттина години.

„Во тоа време не знаев кој е Че. Кубанските истражувачи ни рекоа само дека станавме дел од историјата“, вели Гонзало Гузман, локален водич кој бил дел од тимот кој ги открил останките на Че, во потрага која била инспирација за биографијата на Андерсон.

Денес на местото над некогашниот гроб на Гевара каде е изграден мавзолеј, се очекува посета од близу 10,000 луѓе, меѓу кои и општествени активисти, лидери од регионот,  кубански функционери и – децата на Че Гевара. Поставени се бини и се довршуваат

финалните работи во Културниот центар „Че Гевара“ во Ла Игера. Иако некои се противат на славењето на ликот и делото на Че, тој сè уште не изгубил ништо од својата магија.

„Не можете да го замолкните Че“, вели Гузман. „За нас, тој е херој“
.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура