X
 10.10.2017 Живот

Работа од соништата - патување низ светот со прва класа!

Алекс Мачерас не е обичен 20-годишник.

фото извор: Instagram

Додека повеќето во тој период од животот се обидуваат да се стекнат со образование и се двоумат во која насока да се движат, или пак се принудени да се вработат поради лошата финансиска состојба и неможност за плаќање на студиите, Алекс патува низ светот, и тоа во голем стил.

Тој го истражува светот летајќи во празни авиони за да се осигури дека услугата, храната и шампањот се на висок стандард. Го тестира секое седиште во кабината, вклучувајќи ја и првата класа.

Развил интерес за авијацијата уште како дете, па дури и посетувал обуки за летање. На 14 години гостувал во радио, каде што споделил анализа за авионската индустрија. Додека наполнил 16 години, веќе се појавувал и на телевизија.

фото извор: Instagram

Сега работи за компании кои произведуваат нови линии на авиони и учествува во летечки тестови. И понатаму се појавува на телевизија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот