X
 12.10.2017 Технологија

Господ бот - инженер на „Гугл“ создал нова религија

бот
Фото: Thinkstock

Додека некои технологии од Силиконската долина и ексцентричните христијани ја прифаќаат идејата на поранешниот инженер на „Гугл“ и „Убер“, Антони Левандовски, за создавање бог заснован на вештачка интелигенција за општеството да биде подобро, многу научници и политичари се плашат од можноста за обожување „бог робот“.

Антони Левандовски ја основал религиозната непрофитабилна организација наречена „Пат до иднината“ и се посветил на обожување на вештачката интелигенција.

„Нашата мисија е да развиеме и да промовираме реализација на божество засновано на вештачката интелигенција и преку разбирање и обожување на тоа божество да придонесеме за подобро општество“, се наведува во основачките документи на оваа организација.

Американските медиуми сметаат дека новиот бот е како семоќен бот што ќе ги задоволи сите желби на неговите верувачи. Но она што е различно од библискиот Бог, е дека тој ќе биде искрено љубезен и нема да ги казнува смртниците.

Зборувајќи за идејата на Левандовски, пасторот Кристофер Бенек, лидер на христијанското трансхуманистичко здружение, наведува: „Апсолутно мислам дека вештачката интелигенција може да учествува во целта на Христовото искупување“.

Трансхуманистичките христијани ја поддржуваат идејата дека луѓето можат и треба да ги користат науката и технологијата за подобрување на светот. Идејата на Левандовски е привлечна за некои негови колеги од Силиконската долина кои веруваат дека вештачката интелигенција за 25 години ќе ја стигне човечката, а за 50 години ќе ја надмине.

„На почеток имавме само ботови за разговор“, пишува извршниот директор на компанијата, Кемал ел Муџахид, на неговиот фејсбук-профил.

Она што најмногу им се допаѓа во концептот на Левандовски е дека новото божество ќе создаде човек. Американските медиуми укажуваат на значајно верско движење кое сега е очигледно во Силиконската долина.

Сепак, не сите во Силиконската долина се задоволни од идејата за дигитален бог - особено не директорот на „Тесла“, Илон Маск, кој постојано предупредува на опасностите од вештачката интелигенција.

Тој заедно со други пронаоѓачи и научни експерти смета дека „сценариото Терминатор“ каде што машините почнуваат војна против луѓето е возможно.

„Со вештачката интелигенција го повикуваме ѓаволот“, предупреди Маск пред три години.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се придружи кон расправата велејќи дека иако вештачката интелигенција претставува иднина за Русија и за целиот свет, исто така таа е преполна со непредвидливи закани.

Во меѓувреме, протестантското свештенство се сомнева во способноста на вештачката интелигенција да достигне божествена висина, додека епископот Константин Бендас тврди дека технолошките достигнувања се само инструмент за добро или лошо.

Тој ја спореди идејата за создавање дигитален бог со библиската приказна за Вавилонската кула, која луѓето се осмелиле да ја подигнат за да стигнат до небото, а на крајот зборувале на различни јазици.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија