X
 12.10.2017 Живот

Ретка и таинствена боја на очите, ја имаат само 3 отсто од луѓето

сиви очи

Станува збор за сивата боја на очите која доаѓа во различни нијанси, а според некои процени, ја имаат само три отсто од луѓето. Некои луѓе имаат сива боја на очите со примеси на сина, зелена или кафеава. Кај некои оваа сива боја е посветла, а кај други потемна.

Но каква и да е нијансата, за сивите очи велат дека се мистични и таинствени, а и со самото тоа пожелни. Низ вековите, на сивите очи им се припишувале емпатични моќи.

Зошто некои луѓе имаат сиви очи?


Како и кај другите бои на очи, и сивата е нуспроизвод на генетиката, а ја одредуваат две компоненти - пигментација на ирисот и специфичен начин на распрскување на светлината во ирисот.

Според едно истражување објавено во списанието „Човечка генетика“ од 2008 година, дури 16 гени може да влијаат врз начинот на експресија на бојата во ирисот, што значи дека детето може да се роди со која било боја на очите без оглед на очите на неговите родители. Претходно се верувало дека бојата на очите е одредена со еден доминантен геном.

Постојат антрополошки докази кои сугерираат дека луѓето со сиви очи некогаш одамна живееле помеѓу Каспиското и Црното Море. Според некои истражувања, сивите очи првпат се појавиле во кенозоиката, пред два до три милиони години. Исто така, сивите очи може да ги имаат луѓе со сите бои на кожата.

Дали очите можат да ја променат бојата?


Под одредени околности - можат. Тоа се случува кај луѓето со сите бои на очите, не само сивите, а може да зависи од расположението, од тоа како е распоредено светлото и од здравствени причини. На пример, очите немаат еднаква боја на сончева и на вештачка светлина, наутро или попладне.

Кога станува збор за расположението, бојата може да се промени кога сте тажни и плачете. Кај луѓето со сиви очи бојата тогаш може да се промени во сина. На промената на бојата на очите влијае и земањето одредени лекови или алкохол или дрога.

Експертите велат дека луѓето со сиви очи се почувствителни на ултравиолетови зраци, па не треба да излегуваат надвор без квалитетни очила за сонце.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот