X
 13.10.2017 Образование

Учете лесно и брзо со помош на оваа метода

ucenje
Фото: Printscreen/YouTube

Една од често користените стратегии на учење е таканаречената партитативна метода, која се состои од шест фази.

1. Прегледајте го текстот што треба да го научите во целина за да уочите кои прашања во него се обработуваат. Забележете ги поднасловите, погледнете ги сликите, цртежите, графиконите, табелите, прочитајте ги заклучоците од одредени делови од текстот. Текстот во оваа фаза не треба да го читате во целина.

2. Обидете се да формулирате поднаслов за материјалот во вид на прашање.

3. Поделете го материјалот во делови, логички целини (на пример, според поднаслови или друг критериум).

4. Прочитајте го првиот дел од текстот со намера да го научите. Подвлечете ги непознатите зборови и побарајте го нивното значење во речникот.

5. Затворете ја книгата и обидете се во себе да го повторите материјалот, односно преслушајте се. Одговорете на прашањата од втората фаза кои се однесуваат на овој дел од материјалот. Доколку не успеете после првото читање да го повторите наученото, прочитајте го повторно со намера да го научите.

Кога ќе го совладате тој дел, обидете се во вид на теза, сиже или резиме да ја опишете суштината на тој дел од текстот.

Потоа создајте листа со прашања за да можете да му поставите на професорот прашања чии одговори не се наоѓаат во учебникот или книгата. Потоа, на ист начин научете ги преостанатите делови од текстот.

6. Кога ќе ги научите сите делови, погледнете ја тезата уште еднаш, затворете ја книгата и во себе раскажете ги лекцијата и материјалот во целина. Ако не можете тоа да го направите до крајот со успех, послужете се со книга или тези за да се потсетите на она што не сте го запомниле или сфатиле.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование