X
 14.10.2017 Наука

Научниците во вселената откриле феномен што никогаш претходно не бил забележан

наука
Фото: Getty Images

Научниците се подготвуваат да објават „револуционерно откритие“ што се однесува на „астрономски феномен што никогаш претходно не бил забележан“, соопштуваат од Европската јужна опсерваторија.

Откритието што се чува како тајна до конференцијата за новинари закажана за 16 октомври се однесува на гравитациските бранови. За откритието ќе зборуваат научниците од „ЛИГО“ експериментот и „Вирго Колаборејшн“, кои на него работеле заедно со 70 тима од опсерваториите ширум светот.

Официјалното претставување на откритието ќе биде одржано во Америка, Велика Британија и Германија со почеток во 16 часот по наше време. Гравитационите бранови кои предизвикале катаклизмични вселенски случувања претставуваат еден вид набори што се протегаат низ простор-време.

Минатата година во февруари, научниците го потврдија постоењето на гравитациските бранови, а ова откритие на научниците им донесе Нобелова награда. Оттогаш се детектирани три пати, а последниот пат со помош на „ЛИГО“ и „Вирго“ инструментите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука