X
 14.10.2017 Живот

Тони Цетински за Тоше: „Откако те нема, нема ни половина од мене“

тони

Тони Цетински на неговиот „Фејсбук“ профил објави статус посветен на Тоше Проески. Статусот ви го пренесуваме во целост.

„Драг мој Тоше,

Вечно е прашањето зошто тоа утро во зорите Господинот одлучи да те земе тебе. Поминаа десет години откако те нема и недостигаш неизмерно. Голема празнина остана после твоето заминување и никој никогаш нема да ја пополни.

Знаеш зошто? Затоа што беше и остана вистински пријател.

Затоа пријателе не прифаќам дека те нема бидејќи веројатно така ми е полесно.

Кога сега би биле заедно знам дека би снимиле заедничка видео честитка за мојата мајка, за нејзиниот роденден и знам дека би уживале и во останатите убави и важни денови, за мене и за тебе драгите луѓе.

Многу работи би правеле кога би биле заедно. Знај дека си секогаш крај мене пријателе и дека си заслужен за секое мое добро дело, драг мој Тоше.

За глупостите и грешките задолжен сум само јас, ме знаеш мене. Колку и да го извлекуваше од мене најдоброто и колку и понатаму да го правиш тоа, ја понекогаш сум способен сето тоа да го упропастам со своето наивно верување во луѓето бидејќи веројатно сите луѓе ги мерам според тебе и според она што претставува нашето пријателство. Веројатно тоа мора и да биде така? Не знам, ниту ме интересира. Знам дека пријател како тебе повеќе во никој нема да пронајдам и дека не треба ни да се трудам, ни да се залажувам.

Ти си еден и единствен пријател и така тоа ќе остане.

Знам дека си тука некаде и ти благодарам за сè што правиш. Те сака твојот брат.

Ќе посадам две ружи,
нека растат,
нека се дружат!
На едната ќе ѝ го дадам името свое,
на другата името твое!
Во знак на пријателството меѓу нас
нека цветаат годините...
Ангелите постојат, но бидејќи сите немаат крилја, понекогаш ги нарекуваме пријатели, а ти си еден од нив.
Ако некој те праша од нашата љубов што сме сакале, ти кажи им дека бевме најдобри пријатели.

Ако некогаш горко ти заплаче окото, ако некоје те повреди длабоко, ако некогаш затрепери твојата душа, ако нема кој да те слуша, ако некогаш вриснеш во сонот, јави ми се и јас ќе бидам тука за тебе!

Љубовта е голема, но пријателството уште поголемо. Луѓето во животот случајно се среќаваат, а потоа заедно делат сè, реката на животот ги носи кај другите луѓе, но срцата засекогаш им остануваат покрај вистинските пријатели!

Можеби во животот ќе тргнам по друг пат, можеби таму ќе пронајдам подобар живот, љубов, среќа, но знам дека таму ваков пријател нема да имам!

Никој не можеш да го натераш да те сака. Единствено што можеш да направиш е да дозволиш да бидеш сака. И не е најважно што имаш на животниот пат, туку кого го имаш.

Насмевни се кога ќе ме видиш, да останеме пријатели. Бидејќи никој не знае што сакавме, бидејќи никој не знае што бевме... Нашето пријателство е како дворец од песок: тешко е да се изгради, лесно да се уништи, прекрасно да се обнови!

Јас ти сум пријател кога ќе ти тргне на лошо. Кога и да сакаш ти побарај ме мене, светло во мрак, твоја сум сенка и вечни пријател за сите времиња“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот