X
 15.10.2017 Живот

Како функционираат тинејџерите што се ранобудни, а како оние што се ноќни птици?


Две другарки се прегрнуваат
(Фото: Pixabay)


Тинејџерите што се т.н. ноќни птици потешко владеат со своите емоции и со однесувањето. Таквиот недостиг на самоконтрола и внатрешна рамнотежа е поврзан со многубројни негативни облици на однесувањето карактеристично за тинејџерската доба. Ново истражување ни дава поконкретно објаснување.

Некои родители трошат многу време и енергија секое утро за да ги извлечат своите тинејџери од креветот и да ги натераат навреме да се подготват за училиште. Средношколците често доцнат на настава и ретко реагираат на заканите од родителите...

Постојат голем број студии за хронотиповите и циклусите на спиењето кај различни типови луѓе. Експертите што се занимаваат со спиењето го користат терминот хронотип за да го опишат временскиот период во кој луѓето наводно „се програмирани“ за спиење.

Долго време е познато дека тој период се поместува со влегувањето во пубертет, што објаснува зошто тинејџерите често остануваат будни навечер и спијат подолго преку денот. Родителите се обидуваат тоа да го решат така што насила ги бркаат во кревет за да се одморат и да се наспијат за утрешниот училиштен ден.

Во студијата објавена во списанието „Педиатрикс“, проф. д-р Џудит Овенс, директорка на Центарот за детски нарушувања во спиењето во Бостонската детска болница и невролог од „Харвард“, ги испитувала видовите спиење и однесување на средношколците во Вирџинија кои морале да бидат на училиште пред 7.20 часот.

Дури и кога бројот на часови спиење би бил ист, децата „ноќни птици“ често имале проблеми со контролирањето на емоциите и однесувањето за разлика од оние што спаѓаат во „утрински тип на луѓе“. Таквиот недостиг на самоконтрола и внатрешна рамнотежа е поврзан со многубројни негативни облици на однесување карактеристични за тинејџерските години, како што се злоупотреба на штетни супстанции, склоност кон депресија и невнимателност во текот на возењето.

Педијатрите и експертите што се занимаваат со проблемите со спиењето и установите за контрола и превенција на одредени болести неодамна почнале да препорачуваат подоцнежно почнување на утринските часови со цел да им помогнат на тинејџерите подолго да спијат, бидејќи недостигот од сон претставува сериозен проблем за нивната старосна група.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот