X
 15.10.2017 Живот

Што е познато за силните звучни напади во Куба врз американски дипломати?

Во изминатите месеци, дипломатите кои работаат во Куба објавуваа дека имале искуство со губење на слухот и блага траума на главата. Според владата на САД, овие симптоми произлегуваат од звучен напад, нанесен од непознати сторители, во кој некаков вид на уред бил користен за да се ослабне американскиот персонал.

фото извор: U.S Department of State

Мора да се признае дека се работи за многу чудна и невообичаена приказна. Што всушност се случува и што е тоа што е познато?

Стејт департментот прв пат слушнале за нападите во 2016, кога се одвиваа претседателските избори во САД. Меѓу првите погодени луѓе биле американските агенти. Во март 2017 година, слични симптоми пријавиле и од Канадскиот департмент за надворешни работи. Американската влада започнала истрага и заклучила дека губењето на слухот најверојатно е предизвикано од уред кој функционирал надвор од рангот на звук достапен за човековото уво. Сметале дека бил подметнат или внатре или надвор од резиденциите. Нападите се одвивале во домовите на американските дипломати и во хотелите во кои престојувале.

Во месец август, приказната за овие инциденти, стана јавна. Властите немаа одговор за причината која ги предизвикува овие симптоми. Истиот месец, се случиле и други инциденти. Набрзо, САД ги отстрани повеќето од своите вработени од Хавана и ги суспендираше визите за кубанците. На почетокот од октомври, 15 кубански дипломати ја напуштија Америка.

Вкупно биле пријавени 22 вакви случаи. Некои велат дека жртвите слушале звуци, како силно ѕвонење. Некои од случаите се одвивале во специфични соби или делови од соби со карактеристики слични на ласерски. Она што го слушале жртвите можете да го слушнете на овој линк.

Ниту еден уред не бил пронајден што би можел да се поврзе со инцидентите. Се претпоставува дека се работело или за ниско фреквентен звук или пак високо фреквентен, но тој не може да патува далеку, а уредот кој би го испуштал би требало да биде навистина голем.

Американците се сомневаа дека можеби Русија стои позади инцидентите. Потоа листата на потенцијални одговорни за ова се и Иран и полициските сили на Куба. Постојат и теории дека симптомите се предизвикани од хемикалии кои некако биле подметнати на дипломатите. Некои пак, тврдат дека се работи за бактериска инфекција.

Се претпоставува дека нападите се и случај на масовна хистерија. Некои научници сметаат дека симптомите се резултат на анксиозност и психолошки притисок, отколку појави предизвикани од мистериозен уред.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот