X
 16.10.2017 Живот

Неделна временска прогноза!

Денес е понеделник, 16 октомври 2017 година, 289-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:41 а ќе зајде во 17:55 часот. Денот ќе трае 11 часа и 14 минути.

Првото утро во новата седмица го започнуваме со ведро и свежо време со утрински температури кои што се вообичаени за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе преовладува сончево и топло време со дополнителен пораст на температурите, како на утринските така и на дневните температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од 4 до 12 степени, додека пак дневните ќе се движат во интервал од 20 до 29 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес сончево и топло време. Ќе дува доумерен сееврозападен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 26 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник и среда ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со невообичаено високи температури за овој период од годината. Утринските температури од 5 до 14 степени додека пак максималните дневни температури од 21 до 29 односно од 20 до 28 степени. Во четврток и петок сончево и топло време. Во четврток минималните од 4 до 13 а дневните од 20 до 28 степени, додека пак во петок утринските од 3 до 12 степени, додека пак максималните од 19 до 27 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во вторник и среда ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневна температура до 27 односно до 26 степени. Во четврток и петок сончево и топло време со дневни температури до 26 односно до 25 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот