X
 16.10.2017 Образование

Учете од дома и положете испит со помош на првата македонска платформа за онлајн приватни часови

Дали некогаш ти наближувал испитот на факултет, а едноставно не си имал енергија и време да побараш помош и успешно да го положиш?

Конечно пристигна првата македонска платформа за онлајн приватни часови Teachhoot.com.



Сега студентите и учениците можат да закажат приватен час во последен момент. Нема веќе трчање по автобус, на ладно време и загаден воздух. Сега можете да пиете топло чајче и да учите од својот безбеден и удобен дом. Целиот процес на закажување се завршува со неколку клика, а часот се одржува во живо, во виртуелна училница со помош на најразновидни интерактивни аудио-видео помагала.

Оваа онлајн платформа за приватни часови ја елиминира потребата од губење време по патишта и сообраќај, заштедуваш на транспортни трошоци и ти овозможува да учиш од кое било место каде што има пристап до интернет, со квалитетен тутор.
Сè што треба да направиш е да се регистрираш, да се најавиш на својот профил, да го одбереш саканиот тутор и да закажеш час преку систем на пораки, во време кое најмногу ти одговара.



Доколку не сакаш да закажеш цел приватен час, а ти е потребно еднократно брзо решение на образовен проблем со кој се соочуваш во моментот, може да ја искористиш втората функционалност - објава на проблеми.

Со оваа функција едноставно објавуваш специфичен образовен проблем (на пример: задача по математика, помош во изработка на семинарска, пишување на есеј, проблеми во кодирањето итн.) и поставуваш време колку да трае објавата.
Објавениот проблем се праќа до туторите во соодветно избраната образовна категорија.



Туторите потоа ти праќаат понуди за решавање на проблемот. Од сите добиени понуди за решение, ја избираш онаа која најмногу одговара на твоите потреби. Онлајн платформата има голем избор на образовни категории, од класичните приватни часови по математика, физика, англиски јазик, па сè до нови интересни категории како: програмски јазици, креативно пишување, софтверски апликации, кинески јазик и др.

Цените на часовите се индивидуално поставени од туторите. Со помош на нашите паметни филтри, можеш да го избереш оној тутор кој најмногу одговара на твојот буџет. Големата флексибилност на самиот систем овозможува на брз и едноставен начин да стигнеш до посакуваното знаење.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование