X
 18.10.2017 Технологија

Корисниците на „ВацАп“ од денес имаат нова опција

korisniic
Фото: Getty Images

„ВацАп“ заедно со „Гугл Мапс“ и „Фејсбук“ им овозможи на корисниците да ги споделуваат локациите во реално време.

Опцијата од денес можат да ја користат корисниците на „Андроид“ и „Ајос“ оперативни системи.

Опцијата наречена „Live Location“ се активира преку четот, а сè што треба да направите е да кликнете на „attach“ и да кликнете на опцијата „Location“. Тогаш ќе се појави нова опција за споделување на локацијата во живот, со што можете да изберете споделување на локацијата на 15 минути, 1 час или 8 часа. После тоа, потребно е само да кликнете „send“. Опцијата е видлива само за учесниците во разговорот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија