X
 19.10.2017 Наука

Истражувајте ги тајните на вселената со „Гугл мапс“

вселена
Фото: Google

Месечината и Марс беа внесени во „Гугл мапс“ уште во 2014 година со цел да се прослави втората годишнина од „прошетката“ на роверот „Кјуриосити“ по површината на Црвената Планета. Единствената работа што недостигаше беше можноста за набљудување на нивото на површината. За сите посетители што сакаа малку повеќе, беа воведени уште неколку планети: Меркур, Венера, Плутон и десет месечини.

Она што недостига се Јупитер и Сатурн, но во замена добивме интересни сателити од Сончевиот Систем, вклучувајќи ја и Енцелад, под која се наоѓа глобален океан.

Виртуелна турнеја

Откако ќе прошетате низ Сончевиот Систем и ќе видите сè што може да се види, ви препорачуваме да ја погледнете кратката турнеја на Меѓународната вселенска станица.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука