Практикантска работа во АрцелорМиттал
Стекнете со работно искуство во водечка и светка компанија за производство на
челик!
Опис: АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со
претставништва во над 60 земји. Имаме отворена практикантска позиција за
работа во Одделот за Валање - Ножици.
Наменето за: студенти и дипломци од Машински и Технолошко-металуршки
факултет, кои се одговорни и структурни во работата, се комуникативни, тимски
ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.
Работни задачи: праксата подразбира работа со полно работно време на
пополнување на документација, изработка на табели и презентации, пратење и
организирање на производство, учество во решавање на проблеми поврзани со
движење и пакување на матријалот, изработка на технички цртежи по потреба.
Придобивки:
• 3 месечна практикантска работа со ментор
• можност за вработување
• континуиран процес на учење и развој на вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака
„Апликација за пракса – Оддел Валање“, најдоцна до 1 ноември 2017. Само
селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.