X
 20.10.2017 Стипендии

КОНКУРС за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2017/2018 година



Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15и 30/16) и Решение за распишување Конкурс за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонијаза учебната 2017/2018 година, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС

за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонијаза учебната 2017/2018 година

Министерството за образование и наука ќе додели до 15 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонијаза учебната 2017/2018 година.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА


Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија,
да освоиле најмалку една награда за I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на угостителството и/или       туризмот;
да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3,50 во досегашното образование;
4. да не повторувале година во текот на образованието;

5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми и

6. да се државјани на Република Македонија.

Критериум за доделување на стипендиите се:

-освоена една највисока награда на државен или меѓународен натпревар, при што ученикот може да добие најмногу 50 бодови,

-за секоја дополнително доставена награда-диплома од областа на угостителството и/или туризмот се добиваат дополнителни бодови,

- постигнатиот успех од досегашното образование, при што ученикот може да добие најмногу 50 бодови.

При утврдување на вкупните бодови од освоените награди за ученици ќе се вреднува една највисоко рангирана - освоена награда. За освоено прво место на меѓународен натпревар ученикот може да добие најмногу 50 бодови, а за освоено прво место на државен натпревар ученикот може да добие најмногу 25 бодови.

За секоја дополнително доставена награда-диплома од областа на угостителството и/или туризмот се добиваат дополнителни бодови.

Под меѓународен натпревар се подразбира меѓусебен натпревар помеѓу ученици од најмалку десет различни држави.

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 20.10.2017 година до 3.11.2017 година.

Пред започнување со електронското пријавување, задолжително да ги комплетирате сите потребни документи од точка III на овој Конкурс.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2017 година на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, во истиот период од 20.10.2017 година до 3.11.2017 година, од 09-15 часот,, ги доставуваат следните документи:

Евидентен лист;
Потврда дека е редовен ученик во учебната 2017/2018 година;
Идентификационен број од успешно пополнета електронската пријава
4. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
5. Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;

6. Изјава потпишана од родител - старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk;

Конечниот список со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2017 година на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk.

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место на државни или меѓународни натпревари, односно награди и пофалници за учество на натпревари без освоено место, нема да се земат во предвид.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се уредат правата и обврските.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
МИНИСТЕР
Рената Дескоска   
Активен до:    03.11.2017

Издвојуваме

Стипендии