X
 20.10.2017 Живот

Тед Круз одговара на провокациите со сложувалка од „Зодијак“

Убиецот „Зодијак“ е една од најголемите нерешени мистерии во американската историја. Помеѓу 1968 и 1969 година, сериски убиец убил 5 луѓе во околината на Сан Франциско.

фото извор: Getty Images

Убиецот често оставал шифрирани пораки за полицијата и новинарите за својот идентитет, но случајот никогаш не бил решен. Многу теории, книги и филмови се напишани за овие злодела, но никаде не се прикажува конкретен заклучок.

Режисерот Дејвид Финчер ја претвори приказната во убедлив филм во 2007 година, но само поттикна повеќе прашања отколку одговори. Републиканскиот сенатор Тед Круз, кој е роден во 1970 година, дефинитивно не е убиецот „Зодијак“. Но, тоа не ги спречи корисниците на интернет да сугерираат на таа можност.

Иако тој е роден една година по последното убиство, на интернет постојано има написи во врска со него. Ваквите шпекулации се шират со брзината на светлината, па на јавна анкета што била спроведена во Флорида во февруари 2016 година, се открива дека 10% од републиканците веруваат дека Круз е „Зодијак“.
Дури и неговата сопруга Хајди морала да потврди дека Круз не е убиецот. Во интервју рекла дека е мажена за него 15 години и добро го познава, па смета дека медиумите не треба да додеваат.

Неговиот колега, републиканскиот сенатор Бен Сасе, на „Твитер“ поставил уште една теорија која овој пат посочува дека таткото на Круз има врска со убиството на Џон Ф. Кенеди. Ова обвинение, кое првично произлезе од Доналд Трамп, предизвикало Круз да одговори со една од сложувалките на „Зодијак“.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот