X
 21.10.2017 Живот

Денес одлучив да не те чекам повеќе


Девојка со ранец во природа
(Фото: Pixabay)


Никогаш не помислив дека ќе дојде денот кога ќе бидам сигурна дека сакам да си одам од тебе.

Сама си велев дека ќе чекам, дека еден ден ќе се вратиш и ќе продолжиме таму каде што застанавме; кога сè беше преубаво за да биде вистинито.

Овие денови не ми доаѓаш веќе во мислите како порано. Болката од која не можев да се помрднам, исчезна.

Кога ми рече дека се надеваш дека можеме да останеме пријатели, длабоко во себе знаев дека секогаш ќе ми треба повеќе ако останеш во мојот живот.

Сега мислам дека го можам тоа и заслужувам да имам некој што ќе се труди да остане, без оглед на сè.

И покрај тоа што во тебе се вљубив повеќе од кога било, се обидувам да ти кажам дека е најдобро да продолжам со својот живот. И да заминам од тебе.

На крајот на краиштата, надежта е единствениот начин кој ме држи во фантазиите, во сонот дека повторно ќе бидеме ние.

Ти си сонот што веќе ми се оствари. Ми покажа дека има луѓе кои светот го гледаат исто како мене, кои слушаат и сакаат како да не ќе постои утре.

Ми ги отвори очите за новиот свет кој е позитивен и полн со задоволства. Благодарение на тебе, конечно почнав да го ценам времето.

Ти беше моето чудо кога веќе бавно почнав да се откажувам.

Главно беше во право кога рече дека треба да ти бидам благодарна.

Се надевам дека ќе ми поверуваш кога ќе ти кажам благодарам што направи повторно да се чувствувам целосна.

Сега се откажувам од тебе. Знам дека си среќен каде и да си, секогаш си бил таква личност. Се надевам дека и јас наскоро ќе живеам среќен живот.

Ако некогаш случајно се сретнеме или ако заѕвониш на мојата врата, можеби ќе одлучам повторно да те пуштам во мојот живот.

Сепак, денес решив да не те чекам повеќе.


Извор
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот